Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Тобира: „Ќе се укинат минималните казни“

Printer-friendly versionSend to friend
Christiane Taubira
Министерката за правда потврдува дека се предвидува да се укине и задолжителното психијатриско лекување и лекување во здравствена установа.
 
Во вторникот на 19 март, во интервју за весникот „Либерасјон“ (Libération) Министерката за правда, Кристиан Тобира посочи дека „минималните казни ќе бидат укинати“. На прашање поврзано со оваа тема, таа одговори: „Минималните казни ќе бидат укинати. Доколку добијам спротивна наредба, тогаш ќе размислувам. За сега, немам!“
 
Кристијан Тобира објасни: „Минималните казни се автоматизам кој ја намалува слободата на судиите да ја проценат ситуацијата. Достапните, неоспорни, проверени статистики покажуваат дека индивидуализацијата на постапката и начинот на извршување на казната го намалуваат ризичниот фактор од рецидивизам, односно бројот на нови жртви“. 
 
„Тоа е мојата главна цел“, потврди министерката која прецизираше дека исто така се предвидува укинување на задолжителното психијатриско лекување и лекување во здравствена установа. Таа додаде: „Доколку некој ми каже нешто спротивно, повторно ќе размислам“.
 
За време на претседателската кампања, како дел од своите „60 заложби“, Франсоа Оланд вети дека ќе ги укине „минималните казни кои се спротивни на принципот на индивидуализација на казните“. Законот за рецидивизам беше изгласан во 2007 година, а тој наметнува минимални казни во случај на повторување на делото.
 
 

 

Macedonian
23.03.2013
Извор: www.tempsreel.nouvelobs.com

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“