Студиска посета во Каен „Полесен пристап или враќање на пазарот на труд“
На 21 и 22 јуни 2012 македонска делегација ќе замине на студиска посета на тема „Полесен пристап или враќање на пазарот на труд“ во Каен, Долна Нормандија. Делегацијата ќе биде составена од претставници на институции кои работат на поддршка на младинското вработување
Целта на студиската посета е да се разменат искуства за активните политики и мерки за полесен пристап или враќање на пазарот на трудот на младите невработени лица. Ќе се одржат работилници со цел да се дискутира за донесување на политики и нивно спроведување во пракса, за обука на младите и за пренесување на информации за вработување.
За време на посетата, посебен фокус ќе се стави на програмата ELAN’S (Espaces Locaux d'Activités NovatriceS) – Локални пунктови за иновативни активности, која ја финансира регионот на Долна Нормандија, а која нуди глобален пристап за враќањето на пазарот на трудот на младите невработени.
Macedonian
20.06.2012