Разновидност: Како до посетеност на фармата – место за импровизација нема
Посетата на фармите може да привлече најразлична публика: семејства на прошетка или на одмор, ученици, група стари лица, стручни установи, рекреативен центар. Согласно вашите желби, производството и можностите на фармата, но и според вашите вештини и географската положба, треба да ја прилагодите посетата за онаа публика што ќе ја одберете како целна група.
Успешна посета на фарма не е само прошетка низ фармата придружена со коментари и објаснувања. Посетата треба да биде пријатна зашто ништо не научуваме кога ни е досадно. Посетата на фармата може да биде осмислена на повеќе начини: отворени врати, забавни или технички посети, педагошка фарма или фарма за откритија. Треба да се осмисли како убаво организирано слободно време и да се настојува да се изведе што е можно поуспешно. Може да се предложат и воведни курсеви преку кои ќе се стекне знаење за фармата: техники на одгледување култури и стока, кулинарски техники. Жителите прилично се вложуваат во овие активности. Врз основа на обемот на фармата, производството и блиското опкружување, но имајќи ја предвид и целната група, кои интересни теми треба да ги опфатите? Дали да вклучите забавни содржини, работилници за производство, на пример, на путер или, пак, време поминато со животните? Доколку предложите дегустација на прозиводи, како да ја организирате? Притоа, имате на ум дека крајната цел може да биде и да ги наведете посетителите да го купат вашиот производ? Како да ги поттикнете? Ако Вашиот проект се состои во работа со деца, можете да го искористите пристапот „Педагошка фарма“. Според мрежата „Добре дојдовте на Фармата“, педагошката фарма е земјоделски посед каде се случува педагошки проект. Ја води земјоделец или земјоделка која ги претставува домашните животни и/ или културите и работи со деца или млади во склоп на училишните или активностите надвор од училиштето. Согласно возраста (забавиште, од прво до четврто одделение,), педагошките потреби и нивото на разбирање не се исти. Оттука, Вашата презентација треба да биде прилагодена на нивното ниво на разбирање и интерес.
Лоранс и Доминик Поле се земјоделци во Ганкур-Сан-Етиен во Пеј д‘ Бреј во департманот Сен-Маритим, и следбеници на пристапот „педагошка фарма“ во склоп на мрежата „Добре дојдовте на фармата“ веќе 20 години. Лоранс и Доминик Поле имаат фарма со поликултури и говеда, но одгледуваат и кози и произведуваат сирење. Главно Лоранс се занимава со приемот на групите деца и за неа „тоа е дополнителна активност што е еднакво на два месеци работа со полно работно време, но најголемиот дел од времето го минувам во одгледување на моите кози и производство на сирења“. Шантал Вамбер веќе три години има своја мала млечна фарма (дваесетина хектари) на периферијата на Авр, Сан-Мартан ду Маноар. Нејзините деца сакале да живеат на семејната фарма, па таа ја создала својата педагошка фарма со цел да ги разигра дневните активности и за да може еден ден да вработи уште некого на фармата. Денес, фармата на Шантал е отворена за групи на деца преку целата година иако тоа не и` носи некој голем дополнителен приход иако треба да се врати инвестицијата, а особено трошоците околу формирањето на стандардизираната приемна сала во амбарот.
„Се наоѓаме на заштитена локација и мора да ги почитуваме оригиналните материјали, односно да ги прилагодиме старите простории за потребите на посетителите“, објаснува таа. Таа не може да крене глава од работа благодарение, пред се`, на редовните договори со училиштата од Авр. Лоранс и Шантал решиле да станат членови на мрежата „Добре дојдовте на Фармата“. За нив, „тоа е гаранција за квалитет зашто мрежата е одобрена и од инспекцијата“. Според Лоранс, „пред да се формира педагошка фарма, потребно е да се има фарма која остварува одредено производство кое ќе и` даде смисла на посетата.“ Шантал, пак, смета дека треба „да се биде посветен, трпелив, но и да се има желба да се пренесе знаењето. А кој може подобро да зборува за земјоделството од земјоделецот?“.
За добар почеток: 2 претстојни обуки во Нормандија
- Како до посетеност на фармата
Педагошка фарма, прием на туристи или туристичка посета. Како да ја направам мојата фарма пристапна за посетителите? Организирање прием на посетители, осмислување на посетата, познавање на регулаторните правила и проценување на исплатливоста на проектот. Секој вторник (20, 27 ноември и 4 декември 2012 година) во департманот Ла Манш.
- Создавање педагошка фарма
Подготовка на проектот за педагошка фарма и разните алатки. Во јануари/ февруари 2013 година во департманот Сен-Маритим. Оваа обука е задолжителна за сопствениците на педагошки фарми кои сакаат да се зачленат во мрежата „Добре дојдовте на Фармата“, зашто е дел од нејзиниот правилник за квалитет.
Земјоделската комора е на Ваша страна
Доколку имате потреба од информации околу формирањето на педагошка фарма или зачленувањето во мрежата „Добре дојдовте на Фармата“, обратете се до советниците за туризам при Земјоделската комора на Нормандија.
- Калвадос: Каролин Керварек – 02 31 70 25 00
- Манш: Магали Ламбер – 02 33 06 48 89
- Орн: Жули Бабан – 02 33 31 48 07
- Ер: Марион Брето – 02 32 78 80 53
- Сен Маритим: Стефани Лука – 02 35 59 47 44