Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Плажите на сојузничкото истоварување во Нормандија, на листата за светско културно и природно наследство на УНЕСКО

Printer-friendly versionSend to friend
- Денот Д во Нормандија -

Истоварувањето на сојузничките трупи на плажите во Нормандија започнало на 6 јуни 1944 година, имајќи предвид дека Втората светска војна започнала на 1 септември 1939 година. Во своите редови сојузничките трупи броеле војска од 17 различни националности, а најбројни биле Американците, Британците и Канаѓаните. Операцијата наречена „Оверлорд“ (Overlord), била подготвувана со месеци. Со отворањето на овој нов фронт во Европа, таа денес се смета за клучна, бидејќи води до капитулација на Третиот Рајх на 8 мај 1945 година.

Распоредувањето на трупите соединило бројни нации со цел да се најде решение за војната. Како дел од целосната стратегија, во текот на неколку месеци, сојузничките сили ја спровеле операцијата „Фортитуд“ (Fortitude ) која претставува план за дезинформирање на противникот и според кој сојузниците би се истовариле во Па-Де-Кале (Pas-de-Calais).

Но, на 6 јуни 1944 година, на тлото на Нормандија се истовариле околу 156 000 војници, со преку 20 000 возила, 5 000 бродови, 4 000 десантни бродови, 130 воени бродови и 12 000 авиони.


Битката за Нормандија траела повеќе од предвидениот временски период. По сто дена тешка борба, сојузниците го ослободуваат патот и три дена подоцна, на 25 август влегуваат во Париз.

Плажите на истоварувањето се простираат на 100 километри долж нормандиското крајбрежје од департманот Ла Манш до департманот Калвадос. Тие одговараат на 5 области одредени од страна на сојузничката војска и одговараат на шифрирани имиња: Јута, Омаха, Голд, Џуно, Сворд.

Оваа епизода од Втората светска војна тешко го погодила Регионот Нормандија. Плажите на истоварувањето на сојузничките сили отелотворуваат спомени од овој настан и се уште носат лузни од тешките борби. Денешните мирни пејзажи се единствениот сведок од овој ден врежан во човечкото сеќавање.

Денес, Регионот Долна Нормандија заедно со своите партнери ќе поднесе кандидатура за да ги стави плажите на листата на светското културно и природно наследство на УНЕСКО, со цел:
•    Да се препознае нивната вредност како споменик на слободата, демократијата, мирот и помирувањето
•    Да се зачува оваа единствена територија
•    Да обезбеди поголема атрактивност на регионот и неговата туристичка понуда
•    Да се зајакне местото на овој меѓународен споменик во светски рамки.

На Регионот Долна Нормандија му е потребна вашата поддршка. За да ја дадете доволно е да го пополните формуларот на официјалната интернет страна: www.liberte-normandie.comhttp://liberte-normandie.com/index.php/en/.
 

 

Macedonian
20.09.2013
http://liberte-normandie.com/

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“