Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Пестицидите виновни за две третини од туморите кај земјоделците?

Printer-friendly versionSend to friend
Причините за две третини од туморите кај земјоделците се поврзуваат со изложеноста на пестициди, стои во извештајот на Националната мрежа за следење и заштита од професионални заболувања (РНВ3П), изготвен од страна на Националната агенција за санитарна заштита (Ансес).
Оваа мрежа, која опфаќа 32 центри за советување и заштита од професионални заболувања во Франција, забележа вкупно 118,852 здравствени проблеми во периодот од 2001 до 2009 година, меѓу кои речиси полови­ната се веројатно или сигурно условени од работата.
 
Туморите претставуваат 12% од забележаните болести 
 
Меѓу здруженијата за сове­тување во одредени сектори, во случајот на земјоделците „туморите претставуваат 12% од заболувањата поврзани со работата, од кои две третини се предизвикани од изложеноста на пестициди“.
 
Туморот го зазема петтото место на списокот на загрижу­вачки чести болести, веднаш по заболувањата на системот за дишење (24%), нарушувањата во однесувањето и менталните нарушувања (22%), кожните бо­лести (17%) и коскено-зглобни­те заболувања (16%). Туморот се јавува во 7,6% од случаите опфатени со истражувањето.
 
„Овие податоци укажуваат дека мора да го насочиме вни­манието кон изложеноста на пестициди, кон одредена по­пулација и кон појавата на од­редени болести, како што е ра­кот“, истакна Франсоа Вејерет, портпарол на „Идни генера­ции“, невладина организација која со години се бори против употребата на пестициди. „На­вистина е време да се преземат мерки за намалување на упо­требата на пестициди и да се забранат оние што се канцеро­гени. Во прашање е здравјето на населението“, додаде тој.
 
Наведувајќи ги заклучоците од истражувањето кое „Агри­кан“ го спроведе кон средината на септември, а според кои стапката на смртност меѓу земјоделците е помала од онаа кај целото население, невла­дината организација посочи дека експертите од „Агрикан“ „не ги наведуваат најчестите видови на рак кои се сретну­ваат кај земјоделците поради употребата на пестициди (тумори, лимфоми или леукемија) доде­ка извештајот РНВ3П на Ансес ги разгледува овие болести во контекст на земјоделството“.

оригинална верзија

Macedonian
07.10.2011
Извор: Уест-Франс (Ouest-France)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“