Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Одржани работилници на тема: „Tуризмот во функција на едукација и култура“ и „Вмрежување“

Printer-friendly versionSend to friend
Во периодот од 29 до 31 мај, во Битола, се одржаа работилници со цел да се разгледа можноста за изработка на стратегија од областа на културата и туризмот, за регионот Пелагонија. Повторно како организатори на овој настан се јавуваат  Локомотива и Центарот за регионален развој на Пелагонија, кои во 2012 година ги организираа Првите денови на културата, исто така одржани во рамките на децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.
 
Францускиот партнер во оската културни политики, Областа Мон Сен Мишел од Долна Нормандија, присуствуваше со својата делегација на работилниците. Четири-члената делегација го сподели своето искуство на тема вмрежување и туризам „но, не со цел да понуди модел кој се употребува во регионот (Долна Нормандија)“, според претседателот на одделот за туризам во Областа Мон Сен Мишел „туку со намера да се создаде простор за размена и споделување меѓу нашите две територии кои се многу слични,  а ние од вас можеме многу да научиме“.
 
Со помош на вмрежувањето, организаторите сакаат заедно да ја оформат стратегијата за туризам за пелагонискиот регион, по пат на учество на партнери од Долна Нормандија и други локални и регионални актери. Оттаму и целта на оваа средба која води кон заедничко структурирање на стратегијата, но и кон функционирање на мрежата.
 
Членовите на оваа Мрежа за културен развој на Пелагонија, претходно создадена од актери кои работат во доменот на културата и туризмот, за време на средбата имаа можност да ги претстават активностите предвидени за во иднина. Освен учесниците од Долна Нормандија, во Битола присуствуваа и голем број на лица и претставници на организации, локалните власти, домашни и меѓународни експерти, кои со своето учество придонесоа кон подобрувањето на функционалноста на мрежата, но на и туризмот во функција на едукација и култура.
 
Следната работна средба ќе се одржи во јуни 2013 година во Долна Нормандија, кога македонската делегација предводена од Локомотива ќе ја посети Областа Мон Сен Мишел.
Macedonian
06.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“