Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Младите со свои очекувања од политичките партии

Printer-friendly versionSend to friend
Во текот на ноември – декември 2012 година во состав на активностите од проектот „Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ беа организирани 32 фокус групи во 8 градови во Македонија: Прилеп, Охрид, Кавадарци, Тетово, Струмица, Куманово, Скопје и Штип. Целта на организирањето на овие фокус групи беше да ги утврдиме очекувањата на младите од политичките партии  на следните локални избори. Во секој од  селектираните градови беа спроведени по 4 фокус групи на следните теми: „Образование“, „Младинско невработеност“, „Младинско учество и младинско организирање“, и „Култура и младинско информирање“. Со спроведувањето на овие фокус групи опфативме 590 млади на возраст од 15 – 30 години.

Резултатите од фокус групите ќе бидат дел од документот – Писмо со препораки. Документот ќе даде една генерална слика за очекувањата за младите и нивните потреби кои треба да бидат третирани од политичарите на локално ниво.
Проектот “Поттикнување на младинското учество во политичките процеси“ СЕГА го спроведува со финансиска поддршка од Националниот Фонд за Демократија (NED – National Endowment for Democracy).
 
Macedonian
27.12.2012
Извор: sega.org.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“