Марсеј 2013: фокус кон иднината
По иницијатива на Мелина Меркури, поранешна министерка за култура на Грција, Европскиот совет во 1985 година го започна проектот: европски главен град на културата.
Претседателот на републиката би можел да ги упати своите честитки за 2013 година во градот на културата, Марсеј.
Не е важно што истото тоа го направи и Никола Саркози минатата година во Музејот на цивилизациите од Европа и Медитеранот. Но оваа година главен град во областа на културата е Марсеј. Всушност, проектот Марсеј-Прованс 2013 се однесува на област во која живеат 2,2 милиони жители и која брои речиси 80 општини, меѓу кои се наоѓаат: Арл, Екс-ан-Прованс, Мартиг, Обањ и Истер. Откако беше прогласен за европски главен град на културата целиот регион прави заложби да се здружи.
Марсеј го освои трофејот во 2008 година, по средбата на жири составено од 13 лица од кои шест беа назначени од Франција, а седум од Европската унија. Во Франција, Тулуз, Бордо, Лион беа исто така во игра, но жирито се одлучи за апликацијата на Марсеј која нудеше „рамнотежа меѓу културата и економијата“.
По иницијатива на Мелина Меркури, поранешна министерка за култура на Грција, Европскиот совет во 1985 година го започна проектот: европски главен град на културата со стремеж „да се даде придонес кон зближување на европските народи“. Оттогаш, речиси 40 градови ја добија титулата, помеѓу кои се Стокхолм, Џенова, Атина, Глазгов, Краков, Порто и Ливерпул. Во Франција, неколку градови го освоија трофејот: Париз во 1989 година, Авињон во 2000 година и Лил во 2004 година. Од 2011 година, титулата ја носат два града наместо еден. Оваа година, покрај Марсеј, европски град на културата ќе биде и Кошице во Словачка.
Два позитивни примера: Лил и Рур
Секоја година, Европа финансиски учествува во активноста. Во периодот од 2007 до 2013 година, четиристотини милиони евра им беа доделени на градовите. Скапо чини да се удостои оваа престижна титула (општините од регионот Марсеј-Прованс треба да инвестираат до 600 милиони евра во инфраструктурни проекти) и не треба да останат финансиски тешкотии откако ќе завршат настаните. Според еден извештај објавен од Сенатот во јуни 2012 година, титулата европски главен град на културата има неспорна улога на локален акцелератор и често им овозможува на градовите да „полетаат“. Но, поголемиот дел од нив потоа имаат буџетски тешкотии. „Најчесто немаат долгорочни стратегии“, забележуваат авторите.
Сепак, се истакнуваат два позитивни примери: Лил и регионот Рур во Германија, но и Ливерпул кој порано се поврзуваше со фудбалот, но тоа се промени. Во 2004 година, во Лил имаше 9 милиони посетители за време на настаните. Обртот во хотелиерството и рестораните се зголеми за 7% таа година и Лил исто така го промени својот имиџ. Организаторите умееја успешно да продолжат понатаму и по две години го создадоа културното биенале Лил 3000. Во Германија пак, стануваше збор за цела област – Рур која брои 53 општини и која доби нов лик во 2010 година. „Никаде во светот не постојат толку фабрики, рудници и тешки индустрии кои се претворија во музеи и уметнички центри“, објаснуваат од германското биро за туризам. Движењето за преобразба започна неколку години претходно, но титулата поттикна вистинска соработка помеѓу разурнати градови.
„Ние би сакале да знаеме како да направиме сето ова да трае и потоа, објаснува Жан-Франсоа Шуње, генерален директор на Марсеј-Прованс 2013. За сега, немаме сценарио за она што ќе следи потоа“.
Марсеј се надева на развој на хотелиерството поради предвидените 10 милиони туристи кои се очекуваат на посета оваа година. Градот сака да ја искористи динамиката не само за да го преобрази урбанистичкото планирање (и околината на пристаништето), но и својата репутација која е обоена. Во целата таа акција и стадионот Велодром исто така ќе биде реновиран за идното европско првенство во 2016 година што ќе го организира Франција. „Претпријатијата сериозно се мобилизираа за 2013 година, објасни Жак Фисте, претседател на Трговската и индустриската комора на Марсеј-Прованс, бидејќи според некои студии секое инвестирано евро треба да донесе шест“.
________________________________________
Период соодветен за нови градби
Советот што директорите си го пренесуваат како што се менуваат европските главни градови на културата е да не се градат премногу градби. Пред сè, бидејќи не се готови навреме. На пример, во Порто, градбата на Рем Колас, што беше предвидена да биде завршена во 2002 година, беше готова дури во 2005 година. Понатаму, бидејќи не секогаш се знае што ќе се случи со градбата потоа. „Иако ни го дадоа овој совет, вели Жан-Франсоа Шуње, директор на Марсеј-Прованс 2013, никој не се држи до него затоа што приликата да се биде европски главен град е одличен момент за да се добијат политички одлуки за градбите“.
Всушност, Марсеј-Прованс 2013 е европски главен град кој ќе понуди најмногу градби: Музејот на цивилизации од Европа и Медитеранот на Руди Рикоти и Центарот за конзервација и ресурси на Корин Везони, Медитеранската вила на Стефано Боери, градбата на Кенго Кума, панорамската кула на Матју Потеве во културната установа Фриш Ла Бел Де Ме. Покрај овие градби, ќе бидат реновирани: Палатата Лонгшамп, музејот Прованс, уметничкиот центар од страна на Ора Ито, на покривот на зградата „Блескавиот град“, проширување на малата црквичка во Екс во која ќе биде сместена уметничка колекција на Планк. Исто така ќе има и просторно уредување на шеталиштето кај старото пристаниште како што Норман Фостер и Мишел Девињ го замислуваат, на кулата која е седиште на светската групација за морски транспорт од За Адид...
Macedonian
18.01.2013
Извор: Ле Фигаро (Le Figaro)