Македонски средношколци на посета во општината Лизије
Macedonian
Учениците од средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ го посетија Лизије, Долна Нормандија. Градоначалникот Бернар Обрил им посака добредојде на 19 млади македонци во општинската зграда на Лизије.
Овие млади ученици од албанско потекло, на возраст од 15 до 17 години, учат во двојазични француско-албански паралелки.
Тие ќе престојуваат во Франција две седмици и во тој период е предвидена размена со нивните врсници, од европските паралелки од средното училиште Марсел-Гамбие. Така, предвидени се курсеви на француски и англиски, но исто така и културни и јазични активности. Тие ќе бидат предводени од Фредерик Бајолеј, професор по историја во училиштето Марсел-Гамбие и Нијази Етеми, професор по математика од Тетово.
За време на нивниот престој, средношколците ќе бидат сместени во 18 семејства од Долна Нормандија. Оваа размена се впишува во рамките на меѓународната мобилност и соработка со Македонија.
Размените на млади помеѓу Тетово и Лизије траат веќе шест години. Идната година, младите од Лизије ќе ја посетат Македонија.
21.04.2014
Ouest-France