Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Културно наследство: изложба на градови како средство за медијација

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на децентрализираната соработка, во доменот на заштита на културно наследство, француски и македонски експерти реализираа активности за попис на културното наследство, односно архитектонското наследство. Двегодишната работа, во која учествуваа пет македонски општини: Штип, Куманово, Кратово, Велес и Берово, даде конкретни резултати преку мерки за заштита и детален попис на архитектонското наследство.

Токму тие резултати беа претставени на изложбата на културно наследство, која се одржа на 7 ноември во Велес. Во нејзини рамки беше претставена и методологијата преку која градовите го извршија пописот на архитектонското наследство на територијата на своите општини. Изложбата има за цел да ги поттикне граѓаните и локалната самоуправа да ги зајакнат своите залагања за заштита на нивното културно наследство.

На отворањето на изложбата во Велес, зборуваа г. Горан Јовиќ, Заменик- градоначалник на Општина Велес и г. Александар Фоло, Директор за меѓународна соработка и европски фондови на Регионот Долна Нормандија, истакнувајќи ја важноста од заштитата на културното и архитектонското наследство не само за општините, туку пред сè за самите граѓани. Меѓу посетителите беа присутни и градоначалниците вклучени во изложбата, како и експертите чиј труд беше визуелно прикажан. Така, на присутните им се обрати и професорот Гоце Аџи-Митревски, како претставник на Асоцијација на градови од Македонија со архитектонско наследство, архитект и експерт одговорен за имплементацијата на изложбата. Професорот Аџи-Митревски ја истакна и улогата на децентрализираната соработка на ова поле, но и важноста на заштитата на културното наследство, како средство на комуникација и поврзување на локалната самоуправа и граѓаните.

Пред отворањето на изложбата во Македонија, професорот Аџи-Митревски имаше можност да ги претстави резултатите од оваа соработка за време на второто заседание на членовите на Децентрализираната соработка Франција-Балкан, кое се одржа во Тирана на 24 и 25 октомври 2013 година.
Изложбата во иднина ќе биде претставена во петте градови кои учествуваа во проектот.
 
Macedonian
08.11.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“