Крушево и Сен Жам ќе соработуваат во областа на туризмот
За време на кратката посета претставниците на локалната власт од двете општини ги идентификуваа можните области на соработка, издвојувајќи го туризмот како една од главните теми на соработка. По тој повод, четиричлената француска делегација предводена од Давид Жукан, советник од Сен Жам, му се заблагодари на градоначалникот на Општина Крушево, Василчо Дамески и воедно ја покани општината да го претстави Крушево и неговите убавини на Општинскиот саем во Сен Жам, следниот септември.
Соработката меѓу општините Крушево и Сен Жам претставува седмо збратимување на градовите во рамките на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.