Кои европски фондови би можела Долна Нормандија да ги користи во иднина?
Известување за печат од 9 ноември 2012 година
Како дел од подготовките за новата генерација на европски фондови за периодот 2014-2020 година, регионот Долна Нормандија и префектурата на регионот во петокот на 9 ноември организираа информативен ден за европските фондови во Долна Нормандија. На овој настан, на европските пратеници: Корин Лепаж и Первенш Бере и на генералниот секретар за европски прашања Серж Гијон, им се придружија повеќе од 500 учесници во конгресниот центар во Каен.
Долна Нормандија има можност да користи нешто повеќе од 447 милиони евра од европските фондови во периодот 2007-2013 година за да го зајакне својот потенцијал за иновација, да ја развие конкурентноста на претпријатијата, да го подобри пристапот до работните места, да ја зачува животната средина и да ја зајакне атрактивноста на руралните и урбаните места.
Додека преговорите за финансиската перспектива за 2014-2020 година се во тек, и додека Долна Нормандија може да располага со дополнителни финансиски средства, многу е важно да се мобилизираат сите чинители кои работат на регионалниот развој преку евентуалното воспоставување на категоријата „региони во транзиција“. Одлуките коишто ќе бидат донесени на оваа тема за време на европскиот самит на 24 и 25 ноември, ќе бидат од клучно значење. Во таа насока, по повод вонредната сесија на пленарното собрание на 29 ноември наутро, Бернар Казенев, министер задолжен за европски прашања ќе зборува пред регионалните советници на Долна Нормандија за прашањето за европски буџет.
Пред започнување на регионална соработка треба да постои нова стратегија за користење на европските фондови во Долна Нормандија за периодот 2014-2020. Токму на оваа тема беше посветен информативниот ден што го организираа Долна Нормандија и Префектурата на регионот. На информативниот ден учествуваа:
- претставници на Европската комисија, Европскиот парламент, владата и вработени лица кои ги претставија предлозите на Европската унија за спроведување на европските фондови за периодот 2014-2020 година.
- повеќе од 500 чинители кои работат на регионалниот развој – општински советници, раководители на претпријатија, одговорни лица од економскиот и граѓанскиот сектор кои дискутираа за конкретни проекти кои би можеле да се спроведат во Долна Нормандија од 2014 година. Сето тоа е само почеток, а соработката ќе продолжи и во текот на 2013 година.
Темите за кои се дискутираше за време на организираните работилници во попладневните часови беа: економски развој, енергија, дигитална технологија, професионална обука, територијална соработка. Тоа им овозможи на учесниците заедно да размислуваат за приоритетите за идните програми.
На следниов линк можете да ги најдете сите информации за европските фондови во Долна Нормандија: www.europe-en-basse-normandie.eu.
Macedonian
10.11.2012
Извор: Регион Долна Нормандија (Région Basse-Normadie)