Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Заштита на податоците на Интернет: Нацрт-закон на почетокот на 2013 година

Printer-friendly versionSend to friend

Нацрт-закон за заштита на личните податоци и приватниот живот на Интернет ќе се најде на дневниот ред на Парламентот во првото тримесечје од 2013 година, изјави вчера (вторник, 16 октомври) министерката за дигитална економија, Флеур Пелеран за време на една собраниска седница.

Fleur Pellerin, ministre déléguée auprès du ministre du redressement productif, chargée des PME, de l'innovation et de l'économie numérique

 
Дигитален Habeas Corpus 
 
Овој проект - своевиден дигитален Habeas Corpus – го туркаше Франсоа Оланд за време на предизборната кампања. Тогаш, тој зборуваше за создавањето на нови права за граѓаните, кои ќе ги штитат нивните лични податоци.
„Сметам дека можеме да предложиме пред Парламентот во текот на 2013 година, најверојатно во првото тримесечје, нацрт-закон за овие прашања, односно правила со кои би се гарантирала заштитата на личните податоци и приватниот живот на Интернет“, посочи Флеур Пелеран пред Комисијата за економски прашања. И додаде: „Досиејата стануваат се‘ побројни и треба да се уреди обработката на податоците со цел да се обезбеди и одржи рамнотежа помеѓу слободата на изразување, која треба да доминира на Интернет, и заштитата на податоците.“
 
Разгледување со Валс и Тобира
 
Министерката дообјасни дека „разгледувањето“ на оваа тема ќе го прави заедно со министерката за правда, Кристијан Тобира, и министерот за внатрешни работи, Мануел Валс. „Сакаме да работиме заедно со Националната комисија за информатички технологии и слободи (Цнил) и да ги поканиме сите големи платформи на Интернет да ни помогнат да ја подобриме транспарентноста на личните податоци што тие ги поседуваат, како и начинот на кој тие ги обработуваат“, појасни министерската.
Флеур Пелеран потсети „на бројката на неодамнешни инциденти и случувања кои го потврдија нашето убедување“. Таа го наведе примерот со „Гугл“, кој во вторникот беше повикан од 27 европски авторитети за заштита да ги разгледа повторно своите нови правила за доверливост со цел да ги појасни и да им додели на своите корисници поголема контрола врз личните податоци.
 

version originale

 

Macedonian
17.10.2012
Извор: Уест-Франс (Ouest-France)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“