Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Долна Нормандија и Македонија изнаоѓаат решенија за намалување на младинската невработеност

Printer-friendly versionSend to friend
Во периодот од 09 – 11 јули 2012 година Коалиција на младински организации СЕГА и Европска Куќа од Каен во организираа семинар на тема „Нови пристапи за младинско вработување“ во хотел Глигоров, Струмица. На семинарот учествуваа претставници од институции и организации кои работат на прашањето на младинско вработување од Република Македонија како и претставници од Долна Нормандија,  Франција.
Целта на семинарот беше да се развие дебата за моменталната економска положба на младите во Република Македонија и во Регионот Долна Нормандија, како и да се разменат искуства за иновативни пристапи во решавање на проблемот со младинската невработеност. Семинарот истовремено им понуди можност на релевантните носители на програми и политики за младинско вработување да понудат решенија за намалување на стапката на невработеност кај младите луѓе во Република Македонија.
Претставниците на регионалната асоцијација на локални мисии од Долна Нормандија ги пренесоа своите искуства на оваа тема, додека пак претставниците на Агенцијата за вработување на Р. Македонија зборуваа за програмата за практиканство во Македонија. Од друга страна, претставниците на USAID/YES проектот ги презентираа своите активности во Македонија.
Macedonian
11.07.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“