Долна Нормандија исправена пред предизвиците за одржлив развој
Како да се оцени состојбата во Долна Нормандија во однос на предизвиците за одржлив развој? Кои индикатори овозможуваат да се идентификуваат нејзините сили и слабости? Ако сите и` припишуваат одредено еколошко наследство, кои се тогаш опасностите што денес натежнуваат? И кои средства можат да ги искористат јавните чинители за да го заштитат? Со цел што е можно подобро да ги насочат јавните политики, Регионот Долна Нормандија, Регионалната дирекција за животна средина, уредување и домување (Дреал) и Националниот институт за статистика и економски науки (Инсее) изготвија список со индикатори за евалуација.
Објавена во јануари 2012 година, една прелиминарна студија ја спореди Долна Нормандија со метрополата. Овие нови податоци ги збогатуваат сознанијата за неа, настојувајќи да ги припишат информациите, секаде каде беше возможно, на подрегионално ниво. Анализата на десетина индикатори во еколошката, економската и социјалната сфера ги истакнува предностите што Долна Нормандија треба да ги зачува, но и притисоците со кои се соочува и слабостите што треба да се земат предвид.
На еколошки план, Долна Нормандија ја ползува рамнотежата што, релативно гледано, постои помеѓу природните површини и зоните наменети за човечка активност. Заштитата на природните површини заедно со постоењето на регионални природни паркови придонесува кон зачувувањето на биолошката разновидност. Генерално високите емисии на гасови со ефект на стаклена градина по жител укажуваат на важноста од прераспределба на населението од регионите каде 80% од работоспособните лица користат автомобил за да стигнат до работа, но се должат и на земјоделските активности.
Регионалната економска структура, препознатлива по релативно значајните земјоделски и индустриски активности со мала додадена вредност, ја вбројува Долна Нормандија меѓу регионите со најнизок приход по потрошувачка единица. Се преземаат дополнителни мерки на полето на едукацијата и развојот на професионалната обука со цел да се избегнат несакани економски промени. Така, во последните десет години опадната е стапката на дипломци. Оттука, дел од кадарот и ден-денес остануваат со примања пониски од просечната плата во државата, а дел од квалификуваните работоспособни лица – особено оние со универзитетска диплома – се во пензија.
Разликите во примањата меѓу најсиромашните и најбогатите се меѓу најмалите во земјата, па се чини, ваквата структура која е далеку порамноправна од негде другде, носи и одредена социјална рамнотежа. И стапката на невработеност, иако е во пораст, и стапката на сиромаштија, се пониски од државниот просек... Социјалната економија, која треба да обезбедува социјална кохезија, е прашање на избор, и ја вбројува Долна Нормандија меѓу првите региони што обезбедуваат вработување релевантно за ова поле на активности.
Инсее – Филип Лемаршан
Контакт: 02 31 15 11 14, philippe.lemarchand@insee.fr
Регион Долна Нормандија – Каролин Моно
Контакт: 02 31 06 96 27, ca.monnot@crbn.fr
Macedonian
19.10.2012
Извор: Регион Долна Нормандија (La Région Basse-Normandie)