Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Видео конференција меѓу младите од Македонија и Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
На 22 мај, 2013 година тимот на ИНФО СЕГА и Младински Совет Прилеп ја одржаа Видео конференцијата „Европа повикува“ како дел од проектот „Ајде да ја славиме Европа“, поддржан и одобрен од ЕУ Инфо центарот во Скопје, кој има за цел да ја подигне свеста и да се промовира европската култура и вредности кај младите. Видео конференцијата се одржа во просториите на ИНФО СЕГА со присутво на 20 млади претставници и професори од СОУ Гимназија Мирче Ацев Прилеп.
 
Видео конференцијата се организираше во соработка со невладината организација од Франција, Европска куќа од Каен, Долна Нормандија и средното општинско училиште од Каен. На видео-конференција младите од општина Прилеп и младите од Франција направија презентации за нивните училишта, регионите, земјите и разговараа за теми поврзани со ЕУ (вредности, толеранција), Европското граѓанство, одбележувањето на 9 мај - Денот на Европа таму и овде и др.
 
Преку вклучување на млади учесници од два различни делови од Европа, разговарање на француски и англиски јазик, оваа проектна активност на младите им даде ново и оригинално искуство за европското граѓанство и го поттикна чувството на заедничка припадност и заедничките европски вредности.
Macedonian
27.05.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“