Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Битката во Нормандија - клучен момент за светската историја

Printer-friendly versionSend to friend
Во 1944 година, војници од целиот свет дојдоа во Нормандија за да се борат против нацизмот и одново да воспостават мир, а меѓу нив: Американци, Британци, Канаѓани, Норвежани, Данци, Холанѓани, Полјаци, Австралијци, Белгијци, Французи. Нормандија засекогаш ќе ги чува трагите од оваа историја. Таа веќе 70 години се сеќава на овие луѓе и им оддава почит на голем број од нив кои таму ги загубија своите животи.
 
6 Jуни 1944 година, претставува историска пресвртница за Франција, но и за сите засегнати од Втората светска војна. На овој ден: 1 213 воени бродови, 736 бродови со помош, 864 карго бродови и 4 126 десантни бродови истоваруваат 20 000 возила и 156 000 војници на плажите во Нормандија. Операцијата „Оверлорд“ (Overlord) е без преседан по своите размери и опфат. Генералот Де Гол, кој за време на тие мрачни години го одржуваше духот на слободна и жива Франција, на 6 јуни за „БиБиСи“ (BBC) ќе каже историска изјава: „Зад облакот тежок од нашата крв и солзи, одново се раѓа сонцето на нашата големина“. Затоа што токму на 6 јуни започна пресвртницата на војната. Со Битката за Нормандија, градовите се ослободуваат еден по еден. На 26 јуни е ослободено пристаништето на Шербур (Cherbourg), на 10 јуни Каен (Caen), а потоа кон крајот на август сојузничките сили постепено ги ослободуваат и : Брест (Brest), Нант (Nantes), Л Ман (le Mans), Сен Мало (Saint-Malo). Париз (Paris) е ослободен на 25 август.
 
Од 5 jуни до 21 август, 2014 година, Нормандија ќе биде во центарот на вниманието прославувајќи го 70. роденден од Д Денот и Битката за Нормандија. Оваа годишнина ќе биде повод за размислување, но и за национално и меѓународно дружење и собир.
 
Комеморацијата за истоварувањето на 6 јуни 1944 е настан со богата традиција за Регионот Долна Нормандија. Секаде низ Франција, но и во светот, овој датум одекнува во сеќавањата и спомените. Инвазијата во Нормандија претставува клучен момент за француската и светската историја.
 
За повеќе информации посетете ја официјалната интернет страница за 70 роденден на истоварувањето на сојузничките трупи и Битката за Нормандија, на француски јазик www.le70e-normandie.fr и на англиски јазик www.the70th-normandy.com.
Macedonian
20.09.2013
http://liberte-normandie.com/

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“