ФФРМ организира работилници за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото
Федерацијата на фармерите на Република Македонија, во рамки на заедничката програма со Француската асоцијација на земјоделци за меѓународен развој (АФДИ) поддржана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) организира четири работилници за подобрување на хигиената и квалитетот на млекото за фармери од Република Македонија. Целта на работилниците е да се обезбеди спој помеѓу научните достигнувања и земјоделските практики што ќе води кон подобрување на постапките при млекопроизводството а со тоа кон подобрување на хигиената и квалитетот на млекото во Република Македонија. Дополнително, пилот-групата фармери ќе ги посети партнерските институции во Косово каде откупот на млеко се изведува и по квалитет.
Во оваа пилот фаза се вклучени пилот-групи фармери од Тетово, Куманово, Скопје и Прилеп, а активностите ќе се изведуваат на две пилот-фарми каде со земање на мостри од млеко ќе се следат постапките за подобрување на хигиена и квалитет на млеко (употреба на хигиенски препарати, правилна употреба на молзилици итн.). Како чинители во ланецот на производство, во активностите на проектот се вклучени и три млекарници кои изведуваат откуп и преработка на млекото.
Macedonian
10/09/2012
http://www.ffrm.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=693:ffrm-organizira-rabotilnici-za-podobruvanje-na-higienata-i-kvalitetot-na-mlekoto-&catid=41:nastani&Itemid=74