Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Потпишан три годишен меморандум за соработка помеѓу Струга (MK) и Вистрам (ФР)

Printer-friendly versionSend to friend
Вистрам, Долна Нормандија | На втори ноември 2011 година, во просториите на општината во Вистрам (Ouistreham), градоначалникот на Вистрам, г. Андре Ледран и г. Муним Бајкрактар, шеф на струшката делегација, потпишаа три годишен меморандум за соработка. Струга и Вистрам ја започнуваат  официјалната соработка во полињата туризам, животната средина и млади. Потпишувањето на договорите е резултат на повеќе средби технички средби остварени во изминатиот период.
 
Македонската делегација за време на неколку дневната посета во Вистрам, имаше можност заедно со своите колеги од Долна Нормандија да посети неколку локации и да се запознае со начинот на работа во горе споменатите области. Покрај посетата на младинскиот центар и инфраструктурата на каналот во Вистрам, македонската делегација го посети и бирото за туризам, каде имаше можност одблизу да се запознае со организирањето на летен и зимски туризам.
 
Потпишувањето на три годишниот меморандум меѓу Струга и Вистрам, како дел од децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Република Македонија, претставува отворање на двата града кон светот и Европа во духот на еднаквост и размена.
Macedonian
02/11/2011

 

© Këshilli Rajonal i Normandisë së Poshtme - Të gjitha të drejtat janë të mbajtura - Përdorim i emrit “Maqedoni”