Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Слобода на медиумите и слобода на говорот во Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
Во текот на следната недела, Институтот за Човекови права и мир од Каен, кој е дел од децентрализираната соработка меѓу Македонија и Долна Нормандија, заедно со Амбасадата на Република Франција во Македонија, за време на два работни дена ќе се фокусираат на темите слобода на медиуми и слобода на говор.
 
Првиот работен ден, на 26 февруари 2014, ќе биде посветен на дебата со француски и македонски експерти на тема „слобода на медиумите, споредба на правната практика во Франција и Македонија“. Во хотелот Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 11 часот, учесниците ќе имаат можност да се соберат на тркалезните маси и да ги слушнат излагањата на експертите. Но, истовремено ќе можат и да учествуваат во дебатата и заедно со останатите посетители да разговараат за состојбата на слободата на медиумите и на двете територии.
 
Вториот работен ден ќе биде посветен на „слободата на изразување и на медиумите, споредба меѓу Франција и Македонија“, чија програма ќе се одржи на Правниот факултет во Скопје. За време на оваа трета конференција на компаративен преглед на правото во Франција и Македонија, експертите ќе разговараат на овие, секогаш актуелни теми, како за Македонија, така и за Франција. Заедно со учесниците, тие ќе се обидат да дадат одговор на прашањето за „признавање и заштита на слободата на изразување“. Оваа средба ќе се одржи на 27 февруари 2014 година.
 
Меѓу експертите ќе бидат присутни и г-ѓата Катрин-Амели Шасан, доцент со хабилитација на Правниот факултет во Каен, Генерален секретар на Меѓународниот институт за човекови права и мир, адвокатот Александар Балгај-Галоа, доктор на правни науки, адвокат кој застапува пред Апелациониот суд во Париз, управител во Репортери без граници и Антоан Ери, одговорен за канцеларијата на Репортери без граници за Европска унија и Балкан. Македонските експерти ќе бидат од областа на правото и на новинарството, меѓу нив г. Давитковски, декан и професор на правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, заедно со своите колеги, доценти и професори на правниот факултет. Програмата ќе ја отвори г-ѓа Карен Роше, прва советничка во Амбасадата на Франција во Македонија.
 
Прашањето на слободата на медиумите и на печатот секогаш е актуелно прашање не само во Македонија и во Франција, туку и секаде во светот. Според организацијата Репортери без граници, кои се залагаат за слобода во информирањето, овогодинешната „светска ранг листа на слобода на печатот”, открива нови резултати во однос на нивото на слобода на известување и уредувачка независност.
 
Ве каниме да учествувате на конференциите во среда и четврток, овој февруари, со почеток во 11часот (среда), односно во 9 и 30часот (четврток). Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.
Тука можете да најдете повеќе детали за програмата на 26 февруари и 27 февруари.
Macedonian
20.02.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“