Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Охрид и Каен заеднички ќе аплицираат за проекти поддржани од ЕУ

Printer-friendly versionSend to friend
Охрид и градот Каен од француската област Долна Нормандија заеднички ќе аплицираат за проекти што се финансираат со средства за таа намена обезбедени од фондовите на Европската унија.

Тоа е договорено на средбата на делегацијата на општина Охрид предводена од секретарот Димитар Спасески што се наоѓа во официјална посета на Каен.
Охридската делегациј денеска оствари средба со домаќинот, градоначалникот на Каен Филип Дурон, на која меѓу другото е презентиран проект за заштита на културното наследство на Охрид, што било поддржано од француската страна. Исто така било разговарано и за можностите за унапредување на соработката во областите на спортот и образованието.
На градоначалникот на Каен му била пренесена поканата од стран на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески да го посети Охрид за време на престојните празници и големата манифестација што се одржува по повод Богојавление – Водици.Инаку, во делегацијата од Охрид се и ученици од охридската гимназија „Светин Климент Охридски“ кои ќе имаат свој настап и презентација на едукативни и уметнички вештини, а делегацијата на општина Охрид утре ќе оствари средби со повеќе градови-пријатели на градот домаќин. Најавен е работен состанок со градот Портсмунт-Англија на кој ќе се разговара за можноста од приближување и изнаоѓање модалитети за идна соработка.
 
Извор :
Извор :
Macedonian
02.12.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“