Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

КАРПОШ НИЗ ОЧИТЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП ОД ФРАНЦИЈА

Printer-friendly versionSend to friend

Осуммина млади од Флери-сур-Орн (Долна Нормандија) - Франција, со полесна интелектуална попреченост, ќе снимаат визуелна репортажа за општина Карпош. По тој повод, тие денеска во просториите на УЗ Влае 1 се сретнаа со лицата со посебни потреби од Карпош, при што воспоставија лични пријателски односи и преку видеопроекција ги запознаа карпошани со знаменитостите на општината Флери. Придружувани од стручните лица од Медицинско-образовниот институт „Андре Бодеро“ од Долна Нормандија, младите Французи првпат ја напуштија својата татковина и од осум општини во Македонија, тие одлучија да ја посетат општината Карпош.
Во наредниот петдневен престој, тие преку снимање на видеоматеријал ќе ги пренесат своите импресии од посетата на локалната самоуправа. Целта на оваа видеосодржина е Французите да дознаат нешто повеќе за македонската култура и обичаи, преку визијата на овие млади културни ентузијасти. Инаку, минатата година, делегација од Општина Флери-сур-Орн оствари работна посета на Општина Карпош, во рамките на која двете институции потпишаа договор за соработка. Во рамките на денешната средба, присуствуваше првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и аташето за соработка од Амбасадата на Франција во Република Македонија, Паскал Гале.
Во оваа пригода, се обрати општинскиот татко Стевчо Јакимовски, кој најпрвин изрази задоволство од меѓународната општинска соработка. - Општина Карпош е подготвена да се збратими со Флери-сур-Орн. Кога се работи за размена на искуства, би сакале едно наше училиште да оствари соработка со некое ваше училиште. Дистанцата помеѓу нас е илјадници километри, но колку и да е далечна дестинацијата, патот секогаш почнува со првите чекори. Токму денеска ги направивме првите чекори на соработка и во тоа име, ви стоиме секогаш на располагање – истакна Јакимовски. - See more at: http://www.bn-mk.org/mk/content/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88-%D0...

Во оваа пригода, се обрати општинскиот татко Стевчо Јакимовски, кој најпрвин изрази задоволство од меѓународната општинска соработка. - Општина Карпош е подготвена да се збратими со Флери-сур-Орн. Кога се работи за размена на искуства, би сакале едно наше училиште да оствари соработка со некое ваше училиште. Дистанцата помеѓу нас е илјадници километри, но колку и да е далечна дестинацијата, патот секогаш почнува со првите чекори. Токму денеска ги направивме првите чекори на соработка и во тоа име, ви стоиме секогаш на располагање – истакна Јакимовски.

Осуммина млади од Флери-сур-Орн (Долна Нормандија) - Франција, со полесна интелектуална попреченост, ќе снимаат визуелна репортажа за општина Карпош. По тој повод, тие денеска во просториите на УЗ Влае 1 се сретнаа со лицата со посебни потреби од Карпош, при што воспоставија лични пријателски односи и преку видеопроекција ги запознаа карпошани со знаменитостите на општината Флери. Придружувани од стручните лица од Медицинско-образовниот институт „Андре Бодеро“ од Долна Нормандија, младите Французи првпат ја напуштија својата татковина и од осум општини во Македонија, тие одлучија да ја посетат општината Карпош.
Во наредниот петдневен престој, тие преку снимање на видеоматеријал ќе ги пренесат своите импресии од посетата на локалната самоуправа. Целта на оваа видеосодржина е Французите да дознаат нешто повеќе за македонската култура и обичаи, преку визијата на овие млади културни ентузијасти. Инаку, минатата година, делегација од Општина Флери-сур-Орн оствари работна посета на Општина Карпош, во рамките на која двете институции потпишаа договор за соработка. Во рамките на денешната средба, присуствуваше првиот човек на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и аташето за соработка од Амбасадата на Франција во Република Македонија, Паскал Гале.
Во оваа пригода, се обрати општинскиот татко Стевчо Јакимовски, кој најпрвин изрази задоволство од меѓународната општинска соработка. - Општина Карпош е подготвена да се збратими со Флери-сур-Орн. Кога се работи за размена на искуства, би сакале едно наше училиште да оствари соработка со некое ваше училиште. Дистанцата помеѓу нас е илјадници километри, но колку и да е далечна дестинацијата, патот секогаш почнува со првите чекори. Токму денеска ги направивме првите чекори на соработка и во тоа име, ви стоиме секогаш на располагање – истакна Јакимовски. - See more at: http://www.bn-mk.org/mk/content/%D0%BA%D0%B0%D1%80%D0%BF%D0%BE%D1%88-%D0...

Извор : www.karpos.gov.mk

Macedonian
20.11.2013

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“