Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Размена на искуства – работна посета во Областа на Заливот Мон Сен Мишел

Printer-friendly versionSend to friend
Во периодот од 12 до 16 јуни 2013 година, во рамките на оската „Туризам“ претставници од Центарот за институционален развој – ЦИРа беа во работна посета на Областа Мон Сен Мишел од  Долна Нормандија. Целта на посетата беше развивање и подготовка на Стратегијата за развој на туризмот во југозападниот плански регион во Македонија. Во текот на тридневната посета, експертите од ЦИРа заедно со туристичките работници од Областа Мон Сен Мишел направија целосен преглед на извештајот од проценката на капацитетите на општините од Југозападен плански регион.
Работната посета во Долна Нормандија им овозможи на македонските претставници одблиску да се запознаат со работата и функционирањето на еден Туристичкиот информативен центар, како и користењето на историските обележја како значајни објекти за туристички развој.
Искуството од работната посета да го помогне креирањето на стратегијата за развој на туризмот во Југозападниот плански регион.
Macedonian
20.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“