Вработување и млади, теми на посетата во Долна Нормандија
Во рамките на оската млади, во периодот од 1 до 5 мај 2013 година, македонските и француските партнери се сретнаа во Долна Нормандија со цел да разговараат за вработувањето и мобилноста кај младите.
Дискусиите на одржаните состаноци беа фокусирани врз мрежата на актери кои работат во областа млади, односно на вработувањето и интеграцијата на младите во општеството. Главна тема на средбите сепак беше придонесот на актерите кон една заедничка стратегија за млади која би можела да се реализира преку ангажирање на организациите и локалните власти и на двете територии.
Претставниците на македонската делегација, меѓу кои и претставник од општината на Град Скопје, имаа можност да посетат повеќе општини низ Долна Нормандија и да дискутираат за младинската политика и нејзината имплементација. Оваа посета беше можност и двете страни да разговараат за спроведување на младинските политики на меѓу-општинско ниво, која во иднина би помогнала кај вработувањето на младите.
За време на работниот престој во Долна Нормандија, македонската делегација имаше можност да се сретне освен со претставниците општините од Каен, Иф и Еровил-Сен-Клер.
Macedonian
15.05.2013