Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Париз и Берлин рака под рака против невработеноста кај младите

Printer-friendly versionSend to friend
Министрите за труд од Франција и Германија заедно работат на „New Deal for Europe” кој треба да биде претставен на 28 мај
 
„На крајот на овој месец, Париз и Берлин сакаат да претстават заеднички план кој ќе служи за спротивставување на невработеноста кај младите што ја зафаќа Европа, и тоа преку одобрување на кредити за претпријатијата кои вработуваат“, објавува германскиот весник „Rheinische Post“.
 
Заедничката иницијатива на францускиот министерот за труд, Мишел Сапан (Michel Sapin) и неговата германска колешка Урсула вон дер Лејен (Ursula von der Leyen), наречена „New Deal for Europe“, според онаа од 1930 година на американскиот претседател Рузвелт - „New Deal“, треба да биде претставена на конференција во Париз на 28 мај 2013 година. Според весникот, конференцијата е организирана од страна на германско-американскиот инвеститор и филантроп Никола Бергруен (Nicolas Berggruen).
 
Министрите за финансии Пјер Московиси (Pierre Moscovici) и Волфганг Шојбле (Wolfgang Schäuble) „исто така ќе учествуваат“, објавува весникот кој се повикува на „извори блиски до двете влади и организаторите на конференцијата“.
 
Неколку милијарди кредити
 
Планот, потпишан од страна на „поголемите компании“, според „Rheinische Post“, предвидува Европската инвестициона банка (ЕИБ) да одобри кредити „во висина од неколку милијарди“ за компаниите кои ќе се согласат да ги вработат или да ги обучат младите.
Европската унија веќе постигна договор за заем од 6 милијарда евра, од оваа до 2020 година, со цел да се бори против невработеноста кај младите, болест која го погодува секој втор млад човек, како што е тоа пример во Шпанија.
 
„New Deal“ ќе служи како „потпора“ за оваа сума, пишува „Rheinische Post“ и ќе биде гаранција за ЕИБ, која на тој начин ќе може да подигне сума поголема за 10 пати, односно 60 милијарди евра, со цел да ги позајми на компаниите кои учествуваат во проектот.
 
Претседател на Европската инвестициона банка (ЕИБ) е Германецот Вернер Хојер (Werner Hoyer), поранешниот државен секретар.
 
Macedonian
14.05.2013
Извор: Л Нувел Обсерватер (Le Nouvel Observateur)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“