Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Дирекција за дигитален развој на територијата на Регионалниот совет на Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
КОНТАКТ
- Име на организацијата : Дирекција за дигитален развој на територијата на Регионалниот совет на Долна Нормандија
- Адреса : Abbaye aux Dames - 14000 CAEN
- Тел/факс : +33 2 31 06 79 00
- Интернет страна : www.region-basse-normandie.fr
- Лице за контакт : Франсин Рошфор
 
ИСТОРИЈАТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Регионот Долна Нормандија од 2004 година го поддржува создавањето и развојот на дигитални клубови со цел да се информираат граѓаните за употребата на интернетот и мултимедијалните содржини. Дигитални клубови претставуваат места со информатичка опрема, поврзани на широкопојасен интернет и координирани од професионалци.  
Регионот воспостави и центар за регионални ресурси за да ги поддржи носителите на проекти во изработувањето на проекти, вмрежување на разни структури за јавен пристап до интернет и да се специјализираат координаторите чија бројка денес достигнува до 170. Специјализирањето има за цел да се обезбеди постојано подобрување на квалитетот на понудените услуги како: пристап до интернет, воведување во информатика, електронска администрација, дигитална култура...
 
ВИЗИЈА/МИСИЈА
Регионот Долна Нормандија дејствува во следниве области:
1. Економски развој
2. Просторно планирање и користење на земјиштето
3. Образование и професионална обука
4. Култура
5. Здравје
6. Животна средина и одржлив развој
7. Дигитален развој на територијата
 
Употребата на дигиталните технологии за развој на територијата на Долна Нормандија е голем предизвик за регионот. Регионот има амбицијата на територијата на Долна Нормандија да се користат дигиталните технологии за постигнување на регионална конкурентност и социјална хармонија коишто се потребни за развој на сите вештини.
 
ЦЕЛИ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Долна Нормандија има 3 приоритети во областа на дигиталните технологии.
По иницијатива на Регионалниот совет на Долна Нормандија и на Република Франција, се воспостави управување со дигитални технологии со цел да се овозможи усогласување на иницијативите на локалните единици и спроведување на заеднички проекти. Управувањето има три приоритети:
- промоција на регионот за поддршка на конкурентноста на регионалните претпријатија,
- рамномерен пристап до дигиталната технологија за сите жители на регионот со цел да се овозможи подобро користење и поддршка на новите алатки,
- идно предвидување на еволуцијата на технологиите и широкопојасен интернет.
Општата рамка за дигитален развој е опишана во документот: Стратегија за регионална кохерентност и дигитално планирање [SCORAN]. 
 
Со овој рамковен документ се дефинираат стратегии и активности во 3 оски на развој:
- дигитална инфраструктура,
- употреба на дигитални технологии,
- обуки за дигитални технологии.
 
 
ОПШТИ АКТИВНОСТИ
Дигиталниот развој на териториите треба да обезбеди конзистентност во регионалното дигитално планирање на широкопојасен интернет и да учествува во развојот на нова употреба и нови услуги за граѓаните и претпријатијата, особено преку поттикнување на дигиталните иновации. 
Дигитални мрежи: неколку години беа доволни за широкопојасниот интернет да стане предуслов за развој. Опремата за широкопојасен интернет е приоритет за регионот.
Дигитални услуги: усовршувањето на новите начини на употреба на дигиталните технологии претставува предизвик за територијалниот развој на Долна Нормандија.
Дигитални иновации: за поддршка на конкурентноста на територијата, регионот спроведува анимација и промоција на дигитални активности и на нејзините чинители.
 

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“