Средба на Националната комисија за децентрализирана соработка (Париз 29 јануари, 2013 година)
Националната комисија за децентрализирана соработка е заедничко тело составено од претставници на националните асоцијации на локалните власти и администрациите кои водат меѓународни активности. Националната комисија за децентрализирана соработка одржа средба на 29 јануари 2013 година на која присуствуваа Паскал Канфе, делегиран министер за развој, Марилиз Лебраншу, министер за реформи во државата, децентрализација и јавна администрација и повеќе од 80 учесници. Господинот Канфе го претставуваше министерот за надворешни работи кој во тој момент беше во Адис Абеба на донаторската конференција за Мали.
Средбата следи по предавањето на извештај за зајакнување на меѓународните активности на локалните власти на 23 јануари 2013 година, до министерот за надворешни работи од страна Андре Лењел, поранешен министер, градоначалник на Исуден и прв делегиран потпретседател на асоцијацијата на градоначалници на Франција.
Во пораката пренесена од Канфе, министерот за надворешни работи ја истакна важната улога на локалните власти и на чинителите на децентрализираната соработка во развојот на привлечноста на Франција. Децентрализираната соработка денес брои 5 000 француски единици на локална самоуправа кои имаат партнерства со 10 000 единици на локална самоуправа во 141 земја со вкупен буџет од 230 милиони евра. Ќе бидат преземени мерки за надворешните активности на локалните власти кои претставуваат инструмент за зајакната дипломатија или целосно признаена, во насока на задржување на финансирањето и ставање акцент на приоритетите на нашата надворешна политика.
Паскал Канфе најави нови приоритети за локалните власти, особено на темата „одржлив развој“. Тој исто така објави повик за проекти за мрежите координираат меѓународни активности со локални власти и асоцијации на ниво на регион.
Марилиз Лебараншу истакна дека заклучоците од извештајот на господинот Лењел ќе бидат разгледани за време на парламентарната дискусија за предлог законот за децентрализација.
Наредната средба на Националната комисија за децентрализирана соработка ќе биде организирана на средина на 2013 година.
Macedonian
27.02.2013
Извор: www.diplomatie.gouv.fr