Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Инвентаризација на културното наследство

Printer-friendly versionSend to friend
Macedonian
Соработката на Република Македонија и регионот Долна Нормандија во областа на културата овојпат резултираше со реализирање на проектот „Инвентаризација на културното наследство“ што го имплементира Асоцијацијата на градови со архитектонско наследство на Република Македонија со седиште во Велес. Денес Градоначалникот на Општина Велес Горан Петров и воедно претседател на Асоцијацијата, одржа работна средба со координаторите на проектот од Штип, Куманово, Велес и Берово каде проектот завлегува во завршната фаза. Презентирањето на проектот пред јавноста и резултатите од работата на оваа многу значајна, но долготрајна и макотрпна работа се очекува во септември.
 
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Франција и Регионалниот совет на Долна Нормандија.
15.02.2013
Извор: veles.gov.mk

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“