Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Чекор напред кон градење на локална младинска стратегија на Град Скопје

Printer-friendly versionSend to friend
Согласно стремежите на Коалицијата на младински организации - СЕГА за застапување и лобирање на полето на младинската политика во Македонија, и во рамките на проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“ беше организирана обука за фасилитаторите на работните групи. Обуката беше одржана на 30 јануари 2013 година, во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје.
 
Обуката започна со воведно обраќање на извршниот директор на Коалиција на младински организации СЕГА - Зоран Илиески, а потоа следеа три работни сесии. На првата сесија беше претставен процесот на подготовка на локална младинска политика, а се дискутираше и за чекорите во процесот и очекуваните резултати, како и која ќе биде улогата на фасилитаторите. Во вториот дел беа претставени информации за младинската политика како Национална стратегија за млади на Република Македонија, истражувања за младинска политика и наодите од работните групи на конференцијата Политика за млади за Град Скопје, а во третата сесија беше претставен акционен план за работа на фасилитаторите.
 
За повеќе информации за почетокот на проектот „Креирање на локална младинска стратегија за Град Скопје“ кој е финансиран од Град Скопје и Регионот Долна Нормандија, прочитајте овде.

 

Macedonian
01.02.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“