Заедничко градење на стратегија за туризмот: искуство од Нормандија
Во рамки на Оската „Туризам“, Центарот за институционален развој – ЦИРа и Регионалниот совет на Долна Нормандија организираа втора мисија во Регионот Долна Нормандија од 8 до 13 мај. Македонската делегација, составена од претставници на Министерството за локална самоуправа, Центарот за развој на југозападниот дел на Македонија на Македонија, Туристичката комора на Македонија, хотелскиот сектор и експерти од ЦИРа, имаше можност да се сретне со претставници на туризмот од Долна Нормандија.
За време на посетата, организациите од двете територии разменуваа искуства и дискутираа за можностите за раководење на туризмот. Македонската делегација имаше можност да дознае повеќе за европското искуство за искористување на туристичкиот потенцијал којшто би можел да биде корисен за развивање на работна методологија во иднина. Оваа методологија би предвидувала искористување на туристичкиот потенцијал и капацитет, но развојот на националниот и регионалниот туризам треба исто така да биде насочен кон клиентот. Партнерството и соработката помеѓу националните и регионалните чинители се многу важни за да се остварува постојан напредок.
Заклучоците од оваа посета ќе бидат земени предвид кога ќе се составува стратегија за развој на туризмот во Македонија, особено во југозападниот регион.