Истражувачка мисија во Долна Нормандија
Од оваа година со нов концепт, оската 5 на децентрализираната соработка е фокусирана врз развојот на туризмот во Македонија. Како и изминатите години, македонскиот партнер во оваа оска – ЦИРа, ќе соработува со Секторот за туризам од Регионалниот совет на Долна Нормандија.
Развивајќи ја оската во таа насока, предвидена е посета на македонска делегација во Долна Нормандија, во периодот од 5 до 8 март 2012 година. За време на оваа истражувачка мисија планирани се средби со претставници на туризмот од Регионот Долна Нормандија, но и посети на туристичките инфо центри во околните градови: Каен, Вистрам и Земјите на Заливот.
Заклучоците од оваа средба ќе бидат клучни за формирање на идните заеднички активности за развој на туризмот, а воедно и за развој на регионите.
Секторот за туризам од Регионалниот совет на Долна Нормандија веќе имаше можност да ја посети Македонија, особено Југозападниот регион. За време на оваа посета, француската делегација имаше можност да ги посети македонските општини и туристичките центри од Македонија. (Повеќе информации за оваа посета можете да најдете во Информаторот Бр. 4)
Macedonian
08.03.2012