Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Повеќе за регионот Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Презентација на Регионот Долна Нормандија
 
ДОЛНА НОРМАНДИЈА
Долна Нормандија е француски регион формиран во 1956 година и опфаќа 3 департмани: Калвадос, Орн и Манш. Нејзината територија го опфаќа западниот дел на старата Провинција Нормандија и еден дел од Перш. Поимот Долна Нормандија се појавува веќе во XVI век, а во некои записи уште во XIV, меѓутоа не ја покрива денешната територија на Долна Нормандија. Регионот се наоѓа на територија од 17 583 метри квадратни и негов административен центар е градот Каен.
 
ДЕМОГРАФИЈА
Според податоците од 1 јануари 2006 година, Долна Нормандија има 1.457.000 жители од кои 46% во департманот Калвадос. Од 1999 година, населението во Долна Нормандија се зголемува за 0,3% на годишно ниво, како резултат на зголемениот наталитет. Во Долна Нормандија живеат 2,4% од француската популација.
 
Извор: Интернет страна на INSEE http://www.insee.fr/ 
 
ГЕОГРАФСКА ПОЛОЖБА
Долна Нормандија го зафаќа западниот дел на некогашната провинција Нормандија и северниот дел од поранешната област Перш (Perche). На својата северна и западна страна Регионот се граничи со каналот Ла Манш, на североисток со Горна Нормандија, на југоисток со Централниот Регион, на југ со Регионот Лоара (Pays de la Loire) и на југозапад со Бретања. Наоѓајќи се во близина на Парискиот регион и Бретања, Долна Нормандија има можност за брз развој. Регионот располага со мрежа на автопати и патишта кои му овозможуваат да биде добро поврзан со главните магистрали во Франција и Европа. Железничката поврзаност е се уште недоволна и покрај напредокот реализиран во поглед на електрификација. Воздушната поврзаност исто останува лимитирана, главно поради ограничената големината на 3 аеродроми во Долна Нормандија. Што се однесува до преку каналската поврзаност, во Регионот Долна Нормандија има голем број пристаништа кои нудат можности за соработка.
 
РЕЛЈЕФ
Долна Нормандија изобилува со исклучително разновидни пејзажи, и покрај неговата ниската надморска висина, можат да се забележат мочуришта, рамнини и висорамнини. Највисока точка во Долна Нормандија е Екув (le signal d'Ecouves) со само 417 метри надморска висина.
 
ИСТОРИЈА
911 год. – создавање на областа Нормандија кога Кралот на Франција Шарл со договор потпишан во Сант Клер сур Епт (Saint Clair sur Epte) му отстапува на викиншкиот водач Ролон (Rolf le marcheur) територија по утоката на Сена. Во 924 год. Кралот на Франција Раул му отстапува на Ролон територија која приближно одговара на департманите Орн (Orne) и Калвадос (Calvados) за да во 933 год. на неговиот син Војводата Гијом Долгиот Меч (Guillaume Longue Epée) му отстапи територија која приближно одговара на денешниот департман Ла Манш (la Manche). Вака се создава областа Нормандија со својот главен град Руан. Војводата од Нормандија Вилијам Освојувачот, истовремено крал на Англија и неговите наследници ќе ја задржат оваа двојна титула до почетокот на XIII век.
1204 год. – Филип Август (Philippe Auguste) по победата над кралот на Англија Јован Без Земја (Jean sans Terre) ја враќа Нормандија на француското кралство. Ве текот на два века Нормандија ќе биде во центарот на битките меѓу Франција и Англија. 
1469 год. – Нормандија станува провинција на француската држава, управувана од Гувернер со седиште во Руан. Од почетокот на XVI век, провинцијата Нормандија била често делена на две области, Руан и Каен.
1638 год. – создавање на областа Аленсон. Управителите на чело на оваа структура владеат во името на кралот.
1789 год. – Француската револуција ќе ја зафати и Нормандија. Врховното уставно собрание на некогашните провинции, симбол на стариот режим, ја дели Франција на нови административни единици: департмани. Со текот на вековите ваквата поделба ќе стане неделива и неоспорна во француското институционално уредување.
XX век – се појавуваат регионите. По завршувањето на Првата светска војна се воспоставуваат економски региони, со претставници од трговските комори одговорни за промовирање на економскиот развој. Тогаш Долна Нормандија станува четвртиот економски регион. Владата на Виши со законот од 19 април 1941 година воспоставува регионални префектури. Префектурата во Руан е составена од 5 нормандиски департмани. Со упатствата донесени во Алжер на 10 јануари и на 3 јуни 1944 година се воспоставуваат регионални комесаријати на Републиката, каде комесаријатот на Нормандија е се уште составен од 5 департмани. Регионалните комесаријати се укинати во 1946 година. Со декретот од 2 јуни 1944 год. е направен голем чекор во територијалното уредување на Франција, најпрво поделена на 21 па на 22 региони. 
Тогаш Нормандија се дели на два региона: Горна Нормандија и Долна Нормандија.
1964 год. – Создавање на регионалните префектури. Во департманот каде се наоѓа административниот центар на Регионот управува префект. Во Долна Нормандија, префектот на Калвадос е истовремено префект на Долна Нормандија.
1972 год. – со закон се воведуваат Регионалните совети, со статус на јавни институции, под административно раководство на префектот на Регионот. Веќе неколку векови Горна и Долна Нормандија институционално, економски и административно се разделени.
 
Извор : Интернет страна на Регионот Долна Нормандија http://www.region-basse-normandie.fr

 

ЕКОНОМИЈА
Домашниот бруто производ на Долна Нормандија во 2009 год. достигна 34,9 милијарди евра. Регионот придонесува со 1,9 % во националното богатство.
Придобивките од земјоделството, шумското стопанство и риболовството во создавањето на богатството се поважни во Долна Нормандија отколку во Франција (3,3 % од бруто додадената вредност спрема 1,7% во Франција)
Три четвртини од размените на Долна Нормандија се во рамките на Европската Унија, особено со Германија (21% од вкупната надворешна трговија на регионот). Освен со Јапонија, земјите од  Источна Европа, Блискиот Исток или Африка, трговскиот биланс на Долна Нормандија е дефицитарен. Неурамнотеженоста е најзначајна со Азија: регионот увезува 3,6 пати повеќе отколку што извезува.
Вкупните трошоци на Долна Нормандија се искачуваат на 641 милиони евра во 2010 год. (околу 426 евра по жител), или годишно покачување од 3%. Скоро 65% од трошоците се наменети одржливо работење.
Во 2007 год. единиците на локалната самоуправа земаа 1,15 милијарди евра по основ на директни даноци. Данокот на имот претставува најголем дел од даночните приходи (39%) пред персоналниот данок (36%).
 
Извор: Интернет страната на INSEE - http://www.insee.fr/fr/regions/basse-normandie
 
ТУРИЗАМ
Во оваа област Регионот Долна Нормандија ужива големо меѓународно реноме. И покрај тоа што голем број на туристи го посетуваат регионот, нивните барања не престануваат да растат. Иако е меѓу најубавите места на Земјината планета, конкуренцијата станува реалност која не треба да се занемари. За прв пат во Франција два региона заеднички работат на туристичка понуда. Заедно Долна и Горна Нормандија го подготвуваат развојот на туризмот. Најпознато туристичко место во Долна Нормандија е Мон Сен Мишел.
За повеќе информации посетете ја страната за туризмот во Нормандија - www.normandie-tourisme.fr  
 
Извор: интернет страната на Регионалниот совет на Долна Нормандија - http://www.cr-basse-normandie.fr

 

Macedonian

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“