Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Конкретни мерки за заштита на архитектонското наследство

Printer-friendly versionSend to friend
Во организација на Општина Велес како седиште на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, на 29 јуни годинава, во просториите на општината се одржа Конференција посветена на архитектонското наследство. Во присуство на стручни лица од работните групи во општините Велес, Штип, Берово, Куманово и Кратово, претставници на Управата за заштита на културното наследство, Националниот конзерваторски центар и Архитектонскиот факултет во Скопје, делегација на Француската национална асоцијација на градови со историја и уметност и заштитени зони и сектори ги презентираше своите впечатоци од досегашните проектни активности, како и плановите за развој на проектот.
 
Во името на Општина Велес делгацијата ја поздрави Заменик-градоначалникот Петре Саздов кој го нагласи значењето на проектот. „Нашата денешна средба во Велес е потврда дека билатералната соработка со Регионот Долна Нормандија на планот на заштитата на архитектонското наследство ја преточивме во вистинска размена на искуства што верувам допрва ќе придонесат за развојот на нашите градови“, рече Саздов. Членовите на француската национална ацоцијација ја потенцираа важноста од преземањето на конкретни мерки во македонските општини со цел да се спречи деградацијата на архитектонското наследство и да се изградат капацитетите на општините за грижа за староградската архитектура. Своите искуства од проектот ги презентираа општините Штип, Берово и Велес каде петчлената делегација од Франција оствари средби со работните групи. Во текот на престојот во Македонија, делегацијата работеше и во градовите Куманово и Кратово, членки на Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство. Работната група во Велес која ја сочинуваат вработени во општината и народниот музеј како и надворешни соработници –архитекти до 20 јули годинава треба да работи на конкретен проект за заштита на архитектонското наследство. Резултатите од овој и предложените проекти од сите 5 општини ќе бидат презентирани  на следната конференција што во почетокот на септември ќе се одржи во во Каен, Долна Нормандија.
Macedonian
29.06.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“