Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Универзитетот на мирот 2014 започна

Printer-friendly versionSend to friend
На 6ти јули, седумте учесници од Македонија со голем ентузијазам и жед за знаење заминаа за Каен. Универзитетот на мирот 2014 година се отвори со неофицијална средба на која што учесниците од сите земји се запознаа и имаа можност да ги споделат своите мислења и очекувања од Универзитетот.
 
Оваа година темата на Универзитетот на мирот „Да се бориме за слобода“, отвора многу интересна полемика која сигурно ќе даде простор за богата дебата. Учесниците ќе имаат прилика да слушнат говорници од различни сфери со разноврсни размислувања на оваа тема, на пати противречна, особено во современиот свет. Слободата означува отсуство на ограничувања, лично остварување, одговорност, но и правото на народот на самоопределување.
 
Учесниците од Македонија ќе се вратат од Универзитетот на мирот несомнено збогатени со нови знења и искуства, кои ќе ги споделат на нивното враќање во Македонија.
Macedonian
08.07.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“