Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимените градови Велес и Шербур ја продлабочуваат соработката

Printer-friendly versionSend to friend
Од 17 до 20 јуни француска делегација од градот Шербур беше во посета на Велес. Делегацијата предводена од Барзен Бонјади, член на општинскиот совет на Шербур одговорен за млади оствари средба со претставници на Советот на Општина Велес, директорите и професорите по француски јазик од четирите средни училишта во Велес. Три професори од Шербур беа присутни со цел да ја зацврстат соработката помеѓу двата града преку работата на училиштата.
 
Училиштата од двата града ќе работат заедно на програми во областа на книжевноста, биотехнологијата, економијата и менаџментот, металопроизводството и други. Преку оваа иницијатива учениците кои потекнуваат од различни културни средини ќе имаат можност да споделат идеи, знаења и да започнат трајни пријателства.
 
Овој септември, ќе биде организирана студиска посета на 40 ученици и 5 професори од Шербур во Велес. Во 2015 година ќе биде редот на учениците од Велес да го посетат Шербур.
 
Општината Велес ја официјализираше соработката со општината Шербур во јуни 2012 година. Тие работат заедно на полиња на интерес за двата града : културни политики, животна средина и управување со отпад, институционална поддршка и нови технологии. Преку оваа студиска размена тие сакаат да ја интензивираат уште повеќе веќе плодната соработка.
 
Градовите Велес и Шербур се збратимени во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
Macedonian
23.06.2014

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“