Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Претставници од Федерација на фармери на Македонија во работна посета на Долна Нормандија

Printer-friendly versionSend to friend
Македонска делегација составена од претставници на ФФРМ и млеко-производители имаа можност да ги посетат фармите во Долна Нормандија, лабораториите за производство на млеко, земјоделската банка, техничкиот начин на работа со одделни групи на фармери, но и да присуствуваат на генералното собрание на АФДИ.
Тие се запознаа со севкупниот процес на производство на млеко во Франција, од одгледување на кравите, сè до продажба на пазарот. Како дел од таа активност, посетија и една од најголемите лаборатории за испитување на млеко во Долна Нормандија.
 
Сепак, најзначајно за целата група е можноста македонската екипа да се запознае со начинот на организирање на земјоделците во кооперативи во Долна Нормандија, нивната функционалност и бенефициите од овој начин на организирање. Во тој контекст се запознаа со запознаа со групирањето во „интерпрофесии“. За Македонците се работи за нов, но многу корисен начин за здружување и организирање на фармерите со млекарите и откупувачите.
Производителот на јаболка имаше можност да ги посети овоштарниците со јаболка и да се запознае со тамошниот начин на одгледување на истите.
Присуството на генералното собрание на АДФИ на македонскиот тим му овозможи да одговори на бројните прашања на посетителите и воедно подобро да ги запознае со предвидените активности и соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во земјоделството, на двете страни во оваа област.
Macedonian
03.04.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“