Сабота, 6-ти декември, Лоран Бове (Laurent Beauvais), претседател на регионот Долна Нормандија, и Јаник Субјен (Yannick Soubien), потпретседател, ги примија во Лабе-о-Дам триесеттемина млади од Долна Нормандија кои ќе учествуваа на Олимпијата во вештини. Тие им ја дадоа својата поддршка за националното финале кое ќе се одржи во Лил, на почетокот од фебруари 2009, а потоа ги поканија да присуствуваат на фудбалскиот натпревар од првата лига меѓу Каен и Рен.
Соопштение во печатот од 14 декември 2008
Регионот Долна Нормандија ги покани триесеттемина млади од Долна Нормандија, избрани да учествуваат на четириесетата Олимпијада во вештини, на фудбалскиот натпревар меѓу Каен и Рен, во сабота 6-ти декември 2008.
Лоран Бове, претседател на регионот Долна Нормандија, и Јаник Субјен, потпретседател одговорен за доживотно до-образување ја примија екипата од Долна Нормандија, учесник на четириесетата Олимпијада во вештини, на фудбалскиот натпревар со цел да им ја искажат својата поддршка.
Олимпијада во вештини, Worldskills competition. Во 1990 е основан Францускиот комитет за Олимпијадата во вештини (COFOM), Worldskills France. Ова здружение, засновано на законот од 1 јули 1901, ги поттикнува и координира регионалните и националните натпревари. Тоа се етапи на избор на учесници кои ја сочинуваат екипата на Франција која има за цел да ги брани боите на Франција на меѓународниот натпревар насловен “Worldskills Competition”. Овој натпревар се одржува секои две години во една од земјите членки на мрежата Worldskills. Францускиот комитет е член на меѓународната институција (Worldskills International, www.worldskills.org), здружение во кое секоја членка има два свои претставника.
Worldskills France координира една распространета мрежа, интензивно вклучена во промовирање на знаењето, размената, подвижноста и вештините на младите. Регионалните и националните јавни власти, општествените партнери, професионални и конзуларни организации, претпријатија и волонтери ги здружуваат нивните сили и ги соединуваат нивните ресурси за да и овозможат на Франција да учествува секои две години на Worldskills Competition. Оваа Олимпијада им овозможува на најдобрите млади професионалци од целиот свет да си ги измерат силите на едно место, создавајќи на тој начин една глобална и конкретна визија за современите вештини во сите сектори на економијата. Организиран секои две години од страна на Worldskills International во една земја во светот, Олимпијадата во вештини се заснова на волјата за “промовирање на вештините и ширење на убедувањето дека тие се основен фактор за економскиот успех на земјите и за личното исполнување на луѓето”, стои во повелбата на Worldskills International, која брои денес 49 земји меѓу кои е и Франција.
Во петок, на 12-ти декември, во 14 часот во изложбената сала во Каен (hall principal), Јаник Субје им додели диплома на секој од триесеттемина млади учесници од Долна Нормандија. Тие ќе се натпреваруваат во националното финале во Лил од 5-ти до 7-ми февруари 2008. Французите ќе се соочат подоцна со младите од сите континенти за време на меѓународното финале кое ќе се одржи во септември во Калгари, Канада.
Вкупно двесте млади од Нормандија учествуваа на регионалното финале натпреварувајќи се во 28 вештини на крајот од септември.
Контакт личност за печатот : Емили Шансел (Émilie Chansel) / +33 2 31 06 96 27