Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови Subscribe to RSS - Збратимување на градови

Macedonian

Културна размена меѓу млади од Македонија, Бугарија и Франција во Мервил-Францвил и Иф, Франција

Од 24 август до 1 септември 2013 година, 36 млади од Франција, Македонија и Бугарија се сретнаа на нормандиското крајбрежје со цел да разменат знаења за европските вредности и еко-граѓанството.

Macedonian

Младите од Вевчани и Ерманвил повторно се „нурнаа во море и се искачија на планина“

Како дел од тригодишната соработка меѓу општините Вевчани и Ерманвил од Долна Нормандија, во периодот од 23 до 31 јули 2013 година се одржа младинска размена од Ерманвил во општина Вевчани. Дванаесет млади од Долна Нормандија имаа можност да се запознаат  со збратимената македонска општина.

Macedonian

Соработка на градовите од Долна Нормандија и Македонија, работна средба на градовите до Долна Нормандија

На 19 јуни 2013 година, претставниците на работната група на градовите во соработката, од Долна Нормандија, одржаа состанок во Каен. Со учество на Регионалниот совет на Долна Нормандија и организацијата Солидарни Хоризонти, општините: Ив, Шербур, Ливаро и Флери-сур-Орн, разговараа за активностите во соработката со градовите од Македонија.
Macedonian

Соработката меѓу општини од Македонија и Долна Нормандија - позитивен пример за меѓународна општинска соработка

На 20 јуни 2013 година во Скопје се одржа состанок на работната група на општините од Република Македонија кои соработуваат со општини од регионот Долна Нормандија. На средбата која беше организирана од страна на канцеларијата на соработката меѓу Долна Нормандија и Македонија во Скопје и Заедницата на единиците за локална самоуправа (ЗЕЛС)присуствуваа претставници од општините Карпош, Велес, Берово, Охрид и Дебар.
Macedonian

Почесни дипломи за учениците од Берово (МК) и Ливаро (ФР)

Проектот за допишување меѓу учениците од Берово (МК) и Ливаро (ФР), во рамките на проектот за децентрализирана соработка, продолжува непречено да се реализира. Така, на 24 јуни 2013, учениците од Берово и Ливаро добија почесни дипломи за меѓусебните допишувања. По тој повод, градоначалникот на Берово им го честиташе успехот на младите Беровчани, доделувајќи им ги дипломите.
 
Macedonian

Учениците од Берово и Ливаро се запознаа по пат на видео-конференција

Остварена првата видео-конференциска врска помеѓу учениците од Општина Берово (MK) и Општина Ливаро (ФР) | Како резултат на соработката на градовите во рамките на децентрализираната соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, учениците од македонската општина Берово се запознаа со учениците од општината Ливаро од Долна Нормандија, по пат на видео-конференција.
Macedonian

Карпош и Флери-сур-Орн го официјализираат партнерството

Од 16 до 18 декември 2012 година делегација од Општина Карпош беше на официјална посета во Општина Флери-сур-Орн, Долна Нормандија. Целта на посетата беше да се зајакне партнерството воспоставено за време на првата средба меѓу двете општини во јули 2012 година во Македонија и да се дефинираат темите на идна соработка.  
 
Macedonian

Општина Карпош ќе ја запознае општината Флери-сур-Орн

Делегација од Општина Карпош ќе биде во официјална посета во Флери-сур-Орн, Долна Нормандија, од 16 до 18 декември 2012 година.

Macedonian

Признание за успешно реализираните активности меѓу Дебар и Иф

Во Дебар, во месец октомври 2012 година, по единаесетти пат беше одржан фестивалот „Албански театар во Македонија“. По тој повод, театарска група од збратимениот град Иф беше поканета да учествува на фестивалот со своја изведба. Покрај театарската група од Иф, на фестивалот своја изведба имаа и театарски трупи од Македонија, Албанија, Косово и САД. Театарската група од Иф учествуваше на фестивалот со претставата „И крилјата мои се искинати како хартија“ и доби специјална награда. 
 
Macedonian

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“