Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градови Subscribe to RSS - Збратимување на градови

Macedonian

Културна посета на Велес во Шербур

На 29 мај 2012, градот Шербур ќе ги пречека градоначалникот на Велес, Горан Петров и директорите на велешкиот музеј и библиотека. Велешката делегација ќе се сретне со претставниците на библиотеката и музејот на Шербур и ќе ја посети националната сцена на театарот.
За време на четирите работни дена двата града ќе зборуваат за културните политики и за иднината на нивната соработка. Шербур и Велес, во рамките на програмата за децентрализирана соработка работат на темите од културата и животната средина.
Macedonian

Туризмот – заедничка тема на соработката со Македонија

- Средба на општините од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија -
На 25 април, во просториите на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, во Каен, се одржа средба на општините и градовите кои соработуваат со Македонија. На состанокот беа присутни претставници од градовите: Каен, Иф, Ерманвил-сур-мер, Шербур и општините: Ливаро, Сен Жам, Вистреам и Флери-сур-Орн.
 
Macedonian

Состанок на општините од Долна Нормандија

На 25 април 2012 година, во Каен, ќе се одржи состанок на работната група на градови и општини од Регионот Долна Нормандија, кои соработуваат со градовите и општините од Република Македонија. На состанокот ќе присуствуваат: претставниците на градовите од Долна Нормандија кои се вклучени во соработката, претставници од Регионалниот Совет на Долна Нормандија, претставници од организацијата Солидарни Хоризонти, како и од Канцеларијата на соработката во Македонија кои се грижат за техничката поддршка на соработката на градови.

Macedonian

Крушево и Сен Жам ќе соработуваат во областа на туризмот

22-24 февруари 2012, Крушево (Република Македонија) | Изминатиот викенд, француската делегација од Општината Сен Жам, од Регионот Долна Нормандија, ја заврши својата тридневна посета на Крушево, по повод втемелување на меѓународна соработка меѓу овие две општини.
Macedonian

Делегација од Сен Жам во посета на Крушево

krusevo©Wikimedia Commons
Во периодот од 22ри до 24ти февруари 2012 година, делегација на општината Сен Жам од Долна Нормандија ќе го посети Крушево, во централниот дел на Република Македонија.
Оваа посета, во рамките на збратимувањето на градови, ќе започне на 23ти февруари со официјалниот прием во општината на Крушево и ќе продолжи со средби во областите на урбанизмот и културата. Овој краток престој на делегацијата од Сен Жам во Македонија ќе им овозможи на двете општини да ги зајакнат своите врски, работејќи на заедничките точки за идна успешна соработка.
 
Macedonian

Делегација на францускиот град Каен во посета на Охрид

Градот Каен, главен град на Регионот Долна Нормандија и македонскиот град Охрид, веќе неколку години соработуваат како збратимени градови. Како резултат на таа соработка, двата града имаа можност да ги зајакнат своите врски за време на работната седмица помината во Македонија, во периодот од 15ти до 21ви јануари.
 
Macedonian

Градовите од Македонија и Долна Нормандија ги зајакнуваат соработките

На 5ти декември 2011 година, претставници од пет македонски општини, збратимени со локални власти од регионот Долна Нормандија од Франција, одржаа заеднички состанок каде разговараа за својата досегашна соработка со нивните француски партери, но и за иднината на соработката на градовите од двете територии.

Macedonian

Збратимување на градовите од Долна Нормандија и Македонија: најдобра европска практика!

Од 16ти до 18ти ноември 2011 година во италијанскиот регион Венето, се одржаа две големи конференции Интакт (Intact) и Стенд-ап (Stand-up,) организирани од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА во рамките на програмата Европа на граѓаните (Europe for citizens).

Macedonian

Потпишан три годишен меморандум за соработка помеѓу Струга (MK) и Вистрам (ФР)

Вистрам, Долна Нормандија | На втори ноември 2011 година, во просториите на општината во Вистрам (Ouistreham), градоначалникот на Вистрам, г. Андре Ледран и г. Муним Бајкрактар, шеф на струшката делегација, потпишаа три годишен меморандум за соработка. Струга и Вистрам ја започнуваат  официјалната соработка во полињата туризам, животната средина и млади. Потпишувањето на договорите е резултат на повеќе средби технички средби остварени во изминатиот период.
 
Macedonian

Pages

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“