Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Туризмот – заедничка тема на соработката со Македонија

Printer-friendly versionSend to friend
- Средба на општините од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија -
На 25 април, во просториите на Регионалниот Совет на Долна Нормандија, во Каен, се одржа средба на општините и градовите кои соработуваат со Македонија. На состанокот беа присутни претставници од градовите: Каен, Иф, Ерманвил-сур-мер, Шербур и општините: Ливаро, Сен Жам, Вистреам и Флери-сур-Орн.
 
Оваа средба, во организација на Регионалниот Совет на Долна Нормандија и организацијата Солидарни Хоризонти, беше одлична можност за општините и градовите да се информираат за политичката, економската и општествената состојба во Македонија, но пред сè да дискутираат за своите тековни соработки со општините од Македонија.
 
Како една од главните теми на дискусија беше развојот на туризмот, која побуди заеднички интерес кај сите присутни претставници на општините, а во попладневните часови се одржа работилница токму на таа тема. Со оглед на значењето што туризмот го има врз територијалниот развој, во иднина е можна изработка на заеднички проект во оваа област.
 
Македонските градови и општини, кои соработуваат со општините од Регионот Долна Нормандија, ќе се сретнат во текот на мај, во Скопје. За септември пак, предвидена е заедничка работна средба на која ќе присуствуваат општините и од двете територии.
 
Повеќе информации во врска со општините и градовите кои соработуваат во рамките на Децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, можете да прочитате тука или да стапите во контакт со Ивана Димитровска ivana.dimitrovska@aldaintranet.org.
Macedonian
25.04.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“