Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Збратимување на градовите од Долна Нормандија и Македонија: најдобра европска практика!

Printer-friendly versionSend to friend

Од 16ти до 18ти ноември 2011 година во италијанскиот регион Венето, се одржаа две големи конференции Интакт (Intact) и Стенд-ап (Stand-up,) организирани од страна на Асоцијацијата на агенции за локална демократија – АЛДА во рамките на програмата Европа на граѓаните (Europe for citizens). Сто и дваесет учесници од десет држави, меѓу кои и претставници на регионите, општинските единици и локалните власти, но и претставници на голем број европски граѓански организации, имаа можност да дебатираат на главната тема на конференцијата : новите форми на збратимувања на градовите - поттик на локалниот развој.
Соочени со светските кризи, децентрализираните соработки се наоѓаат пред големи предизвици и токму на таа тема се зборуваше на работилницата „Помош на збратимените градови: потреби и потенцијали“. Работилницата ја водеше г-ѓа Ивана Димитровска, шефот на канцеларијата за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија во Скопје и ја претстави соработката на локалните власти од овие две територии. Оваа тема резултираше со динамична дебата во која учествуваа и претставници на градот Велес од Македонија, кои се збратимени со локалната единица на Шербур од Долна Нормандија.
Регионот Долна Нормандија, присутен на територијата на Република Македонија од 2006 година, во рамките на програмата за децентрализирана соработка меѓу овие две територии, ја поттикнува и поддржува директната соработка меѓу локалните власти. На прагот на 2012 година, оваа соработка бележи збратимувања на седум градови во кои општините од Македонија и Долна Нормандија соработуваат во различни области: млади, животна средина, култура, итн. Од 2011 година, организацијата Солидарни Хоризонти (Horizons Solidaires) и тимот на децентрализираната соработка во Скопје се грижат за општините во вид на консултации и помош, со цел да им дадат поддршка на локалните власти за подобрување на квалитетот на нивните соработки.
Повеќе информации:
Збратимување на градови ДН-МК
Напис за конференцијата на интернет страната на АЛДА (на англиски и италијански јазик)

Macedonian
16.11.2011

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“