Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Признание за успешно реализираните активности меѓу Дебар и Иф

Printer-friendly versionSend to friend
Во Дебар, во месец октомври 2012 година, по единаесетти пат беше одржан фестивалот „Албански театар во Македонија“. По тој повод, театарска група од збратимениот град Иф беше поканета да учествува на фестивалот со своја изведба. Покрај театарската група од Иф, на фестивалот своја изведба имаа и театарски трупи од Македонија, Албанија, Косово и САД. Театарската група од Иф учествуваше на фестивалот со претставата „И крилјата мои се искинати како хартија“ и доби специјална награда. 
 
По враќањето во Франција,театарската група од Иф ќе ја изведе истата претстава што ќе претставува одлична можност да се претстави децентрализираната соработка и соработката на градови од Долна Нормандија и Македонија пред тамошната публика. Изведбата на претставата ќе се случи за време на настанот што градот Иф го организира во четврток вечер кога ќе бидат поканети и младите од Иф што во месец август 2012 година, учествуваа на летен камп покрај Дебарското езеро, престој финансиран од програмата на Европска унија „Млади во акција“, со цел да го пренесат нивното искуство. На младите ќе им бидат врачени сертификати од Европската унија “Youthpass” што симболизираат признание за нивното учество и на она постигнатите резултати за време на престојот во Дебар.
 
Трите оски на соработка меѓу збратимените градови Дебар и Иф се: млади, граѓанско учество и култура.
Macedonian
31.10.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“