Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Почесни дипломи за учениците од Берово (МК) и Ливаро (ФР)

Printer-friendly versionSend to friend
Проектот за допишување меѓу учениците од Берово (МК) и Ливаро (ФР), во рамките на проектот за децентрализирана соработка, продолжува непречено да се реализира. Така, на 24 јуни 2013, учениците од Берово и Ливаро добија почесни дипломи за меѓусебните допишувања. По тој повод, градоначалникот на Берово им го честиташе успехот на младите Беровчани, доделувајќи им ги дипломите.
 
Истовремено, во Ливаро, во присуство на градоначалникот, на учениците исто така им беа доделени почесни дипломи. По пат на видео конференција, учениците од двата града си ги честитаа дипломите. На доделувањето беа присутни и родителите на учениците, што воедно беше одлична можност да разговараат за идното патување на младите Беровчани во Ливаро, кои ќе бидат сместени во семејствата на своите другари од Долна Нормандија.
Macedonian
24.06.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“