Алексис Дебеф, современ уметник од Нормандија на резиденција во Македонија
Уметникот Алексис Дебеф од Нормандија ова лето ја избра Македонија за својата уметничка резиденција. Културниот центар во Битола е институцијата преку која овој уметник ќе ја извршува својата резиденција во Битола. Активностите ќе се одвиваат во рамките на фестивалот АКТО каде што ќе биде претставено неговото дело, инспирирано од неговиот престој во Македонија. За време на престојот Алексис ќе се запознае со македонската уметничка сцена, ќе има прилика да размени искуства со локални уметници и ќе учествува на фестивалот „ДримОN“ во Струга и „Бош“ во Гавегелија.
Алексис се изјаснува како „ангажиран“ уметник, инспирацијата ја наоѓа во светот кој го опкружува и од секојдневието. За време на неговиот престој во Македонија, тој ќе се обиде да ги открие сите слоеви на македонското општество и култура и да ги преточи во уметничко дело. Начините на творење кој ги избира овој иновативен уметник се разноврсни: видео, перформанс, печат, но, исто така и преобразба на предмети, low tech и бриколаж.
За да дознаете повеќе за Алексис Дебеф посетете ја неговата интернет страница.
Уметничката резиденција е дел од активностите за уметничка и културна мобилност на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија, координирани од страна на Локомотива. Се спроведува со поддршката на Францускиот институт во Париз и Регионалниот совет на Долна Нормандија. Размената на артисти и уметници претставува нова активност за соработката, кои ќе се спроведуваат со помош на француските институти како и не-институционалните мрежи (здруженија, уметници, културни објекти).
Macédonien
12.08.2014