Конференција „Поврзување на европската година 2013 и европската година 2015: од учество до развој“
Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) го има задоволството да ве покани на последниот настан од проектот Working Together for Development кој ќе се одржи на 5ти јуни во Совет на Европа, во Стразбур. Овој настан го опфаќа и анализира поголемиот дел од дебатата која се води во последните неколку години во врска со можноста да се поврзат граѓанското учество на локално ниво и концептот на развој. Земајќи го во предвид започнувањето на новите европски програми по ова прашање, ќе биде идентификувана шема за спроведувањето на програмите.
Интернационалната конференција „Поврзување на европската година 2013 и европската година 2015: од учество до развој“ ќе ги соедини околу овие тематики најважните актери од проширената европска сцена, истакнувајќи ги релациите помеѓу овие два приоритети за сите нас, европејците.
Настанот е поддржан од Совет на Европа и Конгресот на локални и регионални власти на Совет на Европа. По главната презентација на тема - развој, сесијата која ќе се одржи утрото ќе заврши со презентации од страна на партнерите на проектот. За време на паузата за ручек ќе се прослават 10те години од „big bang“ проширувањето на Европска Унија. А, попладневната сесија ќе биде посветена на локалното владеење во Украина.
За време на конференцијата, ќе биде исто така претставена важна публикација на тема граѓанското учество на локално ниво. Публикацијата е составена од страна на АЛДА заедно со нашите членови и партнери, и ќе биде издадена од Peter Lang – International Academic Publishers.
Погледнете ја агендата за конференцијата, и регистрирајте се пред 25ти мај преку е-пошта до Nicolas Gamouras: nicolas.gamouras@aldaintranet.org
Проектот Working Together for Development (WTD) започна во јануари 2012. WTD кој е финансиран од страна на Европска Унија и воден од страна на АЛДА, спои 21 партнери и соработници од 16 земји во Европа и соседните, преку здруженијата на локални власти и мрежите од граѓански организации, и преку методот на мултилатерална децентрализирана соработка, изгради силни партнерства помеѓу вклучените актери, придонесувајќи во ефикасниот и одржлив развој. Интернет страница на проектот: www.wtd-alda.eu
Macédonien
09.05.2014