Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Посета на Крушево во Сен Жам

Printer-friendly versionSend to friend

Од 21 до 25 септември 2012 година, делегација од Општина Крушево беше во посета на Сен Жам. За време на посетата, делегацијата, составена од градоначалникот, претседателот на општинскиот совет и службеник од општината, ја посети медицинската установа, градинката, школската група и депонијата во Сен Жам. Македонската делегацијата го посети и саемот во Сен Масе. За време на овогодинешното издание на саемот беа организирани различни настани како: еко-село, забава и изложби.
За време на престојот на македонската делегација во Сен Жам, беше одржан и комитет на којшто учествуваа претставници од градовите од Долна Нормандија, како Вистреам и Ерманвил-сур-Мер и партнерите на соработката од невладиниот сектор. Предмет на состанокот беше да се разговара за соработката и да се идентификува можната поврзаност во проектите за територијален развој.
Посетата на Крушево во Сен Жам следи по првата средба меѓу двете општини што се случи во февруари 2012 година.
 

Macedonian
26.09.2012

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“