Македонски фармери во посета на Косово
На 12 август 2013 година, Федерацијата на фармери на Република Македонија организираше студиско посета на македонски фармери во Косово. Посетата беше организирана во соработка со ИАДК (Иницијатива за развој на земјоделството на Косово). На студиското патување учествуваа 13 фармери од Југозападниот и Скопскиот регион на Македонија. Посетата имаше за цел да се разменат искуства во делот на одржување на хигиена на фарма и правилна исхрана на добитокот.
Во текот на посетата фармерите имаа можност да видат модел на фарма – отворен и слободен систем на одгледување на крави, изработен според европските правила и стандарди. Фармерите имаа можност да ја посетата млекарата АЛДИ, каде се користат сончеви колектори за пастеризација на млекото, заштедувајќи над 40% од трошоците, како и придонесувајќи за почиста животна средина и искористување на природните извори на енергија.
Претставници на ФФРМ и земјоделците од Македонија беа примени и од страна на извршниот директор на ИАДК, г. Зенел Буњаку. На средбата се дискутираше за моменталната состојба на млеко производството во Македонија. Директорот на ИАДК изрази желба за продлабочување на соработката со ФФРМ во иднина во делот на квалитетот на млеко, како и започнување соработка на нова тема од заеднички интерес за двете организации – агротуризмот.