Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

„Што претставува за вас интернетот и социјалните мрежи?“

Printer-friendly versionSend to friend
Во рамките на проектот за децентрализирана соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија, Метаморфозис и Институтот за човекови права и мир од Каен подготвија анкета на тема како и колку се користи интернетот и социјалните мрежи. Целта на оваа анкета е да се добие реална слика за перцепцијата на интернетот кај корисниците.
 
Оваа анкета е дел од првата фаза на проектот кој работи на подигање на свеста за човековите права на интернет. Со таа цел, ќе биде изготвен дигитален педагошки прирачник наменет за професори и обучувачи кои работат со млади на возраст од 17 до 25 години. Во него ќе бидат обработени прашањата за приватноста и слободното изразување на интернет.
 
Во анкетата „Што претставува за вас интернетот и социјалните мрежи?“ пополнувана на интернет, анкетирани се околу 150 корисници, каде поголемиот дел се на возраст од 26 до 40 години (51% од испитаниците). Резултатите од анализата, на француски јазик можете да ги прочитате тука.
Macedonian
22.08.2013

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“