Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика

Printer-friendly versionSend to friend
Нови технологии ИКТ компаниите добиваат можност за вклучување во нов владин проект т.н. концепт на отворени е - услуги, заснован на јавно-приватно партнерство. Преку развивање електронски услуги што ги нудат државните институции треба на граѓаните да им овозможат што побрз пристап до нив по електронски пат. 
Предностите од спроведувањето на новиот проект денеска ги претстави министерот за информатичко општетсвно и јавна администрација Иво Ивановски на работна средба пред членовите на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија
 
- Со регистрите кои ги поседуваат државните институции, база на податоци од граѓаните, преку стандарди, протоколи, лиценцирања, модел кој ќе биде изработен во наредните четири месеци, ќе им биде дозволено на сите компании кои ќе покажат интерес и способност да изградат електронски услуги, сами да инвестираат во нив и да ги препродаваат услугите кон граѓаните со претходно утврдени цени, изјави Ивановски по средбата.
Станува збор за 138 услуги и 60 документи кои ги издаваат владините институции, управата за матична евиденција, фондовите за здравствено, за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар...
Според Ивановски, со учеството во проектот приватниот сектор ќе може да се развива и да инвестира во услуги. Кога компаниите ќе добијат референца дека изработиле таква услуга за Владата многу полесно ќе може да го освојат и пазарот во регионот и пошироко. Од друга страна, појасни, граѓаните ќе добијат поголем број услуги затоа што ќе ги има електронски, а Владата која ги поседува информациите ќе може да ги продава на приватниот сектор за симболична сума која ќе биде утврдена.
Македонија е дел од потписниците на иницијативата за т.н. отворено владеење, но, посочи Ивановски, со новиот проект оди чекор напред од останатите држави.
 
Концептот сè уште е во фаза на развивање, а ќе се операционализира со новиот закон за јавно-приватно партнерство, што треба да биде донесен наскоро. Тоа, посочи Ивановски, на некој начин е јавно приватно партнерство при што институција ќе ги лиценцира сериозните компании затоа што станува збор за податоци на граѓаните. Очекуваме дека Македонија повторно ќе биде лидер на еден нов концепт т.н отворени е - услуги, не само во регионот, туку и во земјите во ЕУ, изјави министерот за информатичко општество и јавна администрација.
Проектот на Министерството за информатичко општество за ИКТ комората при ССК е револуционерен чекор кој отвора можности за развој во сите области каде може да се спроведе јавно-приватно партнерство.
 
- Досега бевме насочени само на неколку обалсти каде требаше да се спроведе јавно приватно партнерство, а на овој начин Владата ги отвора сите можни области каде тоа може да се спроведе, рече Саша Огненовски, претставник на ИКТ комората при ССК.
Од целиот колач на македонскиот ИКТ сектор, укажа Ивановски, најголеми придобивки има во секторот на сервиси и во развојот на софтвер, додека со новите технолошки решенија и со глобализација на секторот препродажбата на хардвер опремата маргината на профитот е се помала. - Очекуваме со ова да се направи револуционерен потег во општеството во Македонија и да им се дозволи на компаниите да профитираат се повеќе и повеќе да вложуваат во развој на софтвер, во развој на решенија. Ние како Влада мора да им излеземе во пресрет да направиме легислатива и да овозможиме македонските компании да освојуваат туѓи пазари, изјави Ивановски.
Macedonian
07.10.2011
Извор: Утрински весник

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“