Languages

  • Français
  • Македонски
  • English
  • Shqip

Франција подготвува терен за воведување на еколошки данок

Printer-friendly versionSend to friend
Усогласување на даноците на дизелот наспрема бензинот. Воведување даночна основа на јаглен. Ограничување на густината на населеност во одредени зони како борба против урбаното проширување... Ова се само некои од предлозите претставени на 2ри април од Кристијан де Перту (Christian de Perthuis), претседател на Даночната управа за животна средина-ЦФЕ (Comité pour la fiscalité écologique-CFE).
 
На пленарен состанок на управата, организирана од страна на министерствата за екологија и економија, на 28ми март оваа година, веќе беа усвоени два предлози за „воведување на даночна основа на јаглен во француската фискализација“ и „оданочување и пренамена на почвите”. Управата, оформена во средина на декември 2012 година, е составена од претставници на работодавци, синдикати, организации за заштита на животната средина, локални заедници и претставници од парламентот. Објавени се уште два нацрт предлози, кои сè уште не се усвоени, од кои едниот е „даночна разлика меѓу дизелот и бензинот“, додека другиот е во голема мера технички, а се однесува на воведување данок за хемиските течности на средствата за разладување кои се користат во ладилните и клима уреди.
 
Без конкретно да се повикаат на враќањето на данокот на јаглен, предвиден со Законот за финансии од 2010 и цензуриран од страна на Уставниот совет, особено за „прекршување на принципот на еднаквост на јавната потрошувачка”, Даночната управа за животна средина сепак има намера да продолжи со активностите за намалување на емисијата на ЦО2. Тие посакуваат да се оформи „даночен инструмент кој ќе биде наменет за јагленот и ќе има за цел да ги измени ставовите поврзани со неговото производство и потрошувачка”, согласно со предлозите на Комисијата во Брисел, како дел од ревизијата на директивата на ЕУ за енергетика.
 
Намалување на разликата меѓу данокот за дизел и бензин
 
Оваа „даночна основа на јагленот“ сè уште треба да се истражи, за да може да се даде проценка за неговото влијание врз конкуренцијата на пазарот, вработувањето и пазарната моќ кај домаќинствата. „Владата треба да работи врз ова сценарио и до јуни да ни обезбеди реална студија за можните влијанија“, вели Лорлај Лимузан (Lorelei Limousin), од Резо Аксион Клима (Résau Action Climat).
 
Што се однесува до фискализацијата на дизелот, случај кој темелно се проучува кај производителите на автомобили во Франција, нацрт предлогот експлицитно ја изразува потребата за „прогресивно“ намалување на разликата во данокот меѓу дизелот и бензинот. Даночните олеснувања на дизелот, во 2011 година, изнесуваа околу 3 милијарди евра. Се работи за извор на приход за чија распределба допрва треба да се разговара. „Овие пари треба да се искористат за финансирање на енергетската транзиција, а не за јавниот дефицит или даночните кредити за вработување”, порачуваат од невладините организации.
 
Додека Франција се наоѓа меѓу последните на листата на европските држави за даноци во заштитата на животната средина, во споредба со глобалната даночна состојба, таа изнесува 4,5 % на задолжителните даноци, наспрема европскиот просек од 6,2 %. Во своето обраќање на 9ти јануари, Судот на ревизори ја потсети владата на потребата од „забрзана имплементација на таксите предложени од страна на Тркалезната маса за заштита на животната средина од Гренел (Grenelle de l'environnement) и потоа, да продолжи со израмнувањата на даноците на горивата(...) со цел да го измени односот кон ова прашање“, така, управата продолжува претпазливо со својата работа.
 
„Активирање на предлозите со консензус”
 
Со потпис од страна на двајца министри, Пјер Московичи (Pierre Moscovici) и Делфин Бато (Delphine Batho), ЦФЕ беа назначени да го креираат „првиот пакет на оперативни предлози во пролет 2013 година, со цел да бидат вклучени во нацрт буџетот за 2014 година“. Според тоа, нивните предлози се очекуваат кон средината на јуни. „Иако овие комплексни прашања се предвидени да се решат подоцна, сепак влијаат и врз сегашноста, појаснува г. де Перту. „Потребно е да се направи заедничка анализа помеѓу сите засегнати страни, чии перцепции се разликуваат, а потоа да се активираат преку предлози кои ќе усвојат со консензус.“  
 
Кризата сè уште постои, но според организацијата Движење на француските претпријатија -МЕДЕФ (Mouvement des Entreprises de France - MEDEF), не им штети на претпријатија. „Мора да најдеме скратен пат по кој “раззеленувањето„ на даночниот систем ќе стане фактор на конкурентност”, продолжува во својата изјава г. де Перту. Ако управата напредува многу бавно, како што велат одредени невладини организации, тогаш не треба да се подбиваме со неа. „Со оглед на нашето задоцнување, имаме потреба таа да функционира и да дава предлози за идниот буџет“, предупредува Селин Мескида (Céline Mesquida) од Франс Натур Енвиронмон (France Nature Environnement). „На пример, за дизелот, анализата е сосема јасна, a тоа е сепак важно”.
 
Macedonian
02.04.2013
Извор: Л Монд (Le Monde)

 

© Регионален совет на Долна Нормандија – Сите права се задржаниУпотреба на името „Македонија“